6 совети како да ги спречите и намалите „старечките флеки“ на кожата!

Како што старееме, проблемите со кожата како што се фините линии и брчките се неизбежни. Додека ги правиме сите превентивни чекори против нив, дали навистина доволно се грижиме и делуваме против создавањето на старечките флеки? Сепак, никогаш не е предоцна да почнете превентивно да делувате против овој проблем со кожата. Во продолжение дознајте како да ги спречите, но и да ги намалите старечките флеки кога веќе се појавиле на вашата кожа.

Што се старечки флеки?

Старечките флеки се мали области на кожата со потемни пигменти кои се разликуваат по големина и обично се појавуваат на лицето, рацете и рамената на возраст после 50 години. Овие дамки се предизвикани од премногу активни пигментирани клетки и се појавуваат на областите на кожата кои со години биле подложни на често и премногу долго сончање, односно изложеност на УВ зраци.

Како да се спречат или намалат старечките флеки?

Совет #1: Производи против старечки флеки!

Ако сакате да ги избледите веќе постоечките флеки, дерматолозите секогаш препорачуваат крем или лосион како третман за самото место. Овие производи содржат избелувачки агенси како што се витамин Ц, ниацинамид и АХА киселини и мора да станат дел од вашата секојдневна рутина, ако сте постари од 40 години. Имајте на ум дека спот третманите бараат упорност и доследност, што значи дека не даваат моментални резултати.

Совет #2: SPF крем како обврска!

За да се намали појавата на старечки флеки, дерматолозите секогаш советуваат користење на SPF заштитна крема со фактор 30 или повеќе, секој ден пред излегување. Ова се однесува и на лицето и на изложените делови од телото, особено на дланките кои често ги забораваме. SPF кремот за лице мора да стане дел од вашата секојдневна рутина како последен чекор во грижата пред излегување. Изберете UVA и UVB заштитен крем и обновувајте го на секои два часа.

Совет #3: Избегнувајте солариум!

Солариумите се уште еден извор на рано добивање на старечки флеки. Бидејќи тие емитираат УВ зраци, делуваат на ист начин како да се сончате под сонце. Ако сте во зрели години, но исто така и помлади, сосема прешкртнете го солариумот како начин да добиете бронзена боја. Според бројни истражувања, солариумите и нивните ламби доведуваат до рано настанување на пигментирани флеки. Ако сеуште го сакате бронзениот тен, можете да го постигнете со самопотемнувачки крем или лосион.

Совет #4: Користете балсам за усни со SPF заштита!

Вашите усни страдаат од оштетување од сонцето и можат да добијат пигментирани флеки. За усните да бидат здрави, хидрирани и без флеки, во текот на пролетта и летото задолжително нанесувајте SPF заштитен балсам за усни. Обновувајте го на секои 2 часа, исто како заштитната крема за лице и тело.

Совет #5: Нанесувајте SPF крем на лицето и на рацете!

Сетете се на постарите дами што ги познавате – нивните пигментирани флеки највидливи се на рацете. Затоа, дејствувајте превентивно на нив со нанесување на SPF крем за лице и на вашите раце. Кожата на рацете е тенка како онаа на лицето, затоа го заслужува исиот третман и заштита од појава на пигментирани промени.

Совет #6: Камуфлирајте ги со шминка!

Кога веќе сте закасниле со превенција и флеките веќе се појавени – делувајте корективно врз нив! Во тоа ќе ви помогнат палетите со коректори кои ќе ги неутрализираат флеките. Тоа се коректори со жолта и боја на праска. Тие исто така дополнително можат да бидат покриени со коректор во боја на кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *