6 Топ совети за купување на течна пудра ONLINE – без грешка!

Купувањето на шминка онлајн може да биде вистински кошмар – особено кога станува збор за течна пудра. Многу е полесно, онлајн да се одбере нијанса на руменило или кармин! Како да одлучите дали нијансата и текстурата на течната пудра која сакате да ја купите онлајн е добра за вас? Во спротивно, поминувате со часови во парфимерија, испробувајќи тестери, но при онлајн купување мора „на слепо“ да ја одберете вистинската нијанса на пудра без можност за грешка.

Затоа ќе се обидам да ви го олеснам изборот, со најдобри совети при купување на течна пудра, кога сè што имате е само мала слика на нијансата на страната на веб-продавницата.

Како никогаш да не згрешите кога купувате течна пудра ONLINE!

# 1 Препознајте го вашиот тип на кожа!

Најважната улога во изборот на течна пудра при купување онлајн е да знаете каков тип на кожа имате. Ако вашата кожа е сува, избегнувајте ги матирачките формули, кои дополнително ја сушат веќе дехидрираната кожа. Затоа, одберете лесни пудри со серум и хиалурон, или оние кои имаат „dewy“ или „luminous” ефект. Ако имате мрсна или комбинирана кожа – барајте мат пудра. Бидејќи не можете да ги тестирате овие карактеристики на пудрите, внимателно прочитајте го описот на производот што го купувате онлајн, односно каков финиш има течната пудра која ја избравте?

# 2 Одлучете каква покривна моќ сакате!

Течните пудри генерално се поделени во три категории кога станува збор за моќта на покривност – на оние со лесна, средна и со голема покривна моќ. Затоа одлучете што барате – дали лесен BB крем или пудра со голема покривна моќ, која покрива сè.

# 3 Одредете го подтонот на кожата!

Повеќето пудри во своето име содржат шифра – N, C или W што го означува подтонот на пудрата: N (neutral) е неутрална, W (warm) е топла, што влече на жолта и C (cool)  е ладна – влече на розова. Ова ќе ви олесни да дознаете дали одредена нијанса на пудра ќе ви одговара или не.

# 4 Интернетот е ваш пријател!

Како што живееме во дигиталната ера, интернетот стана богатство со знаење за производите за убавина. Рецензии за производите за шминкање, како и видеа на YouTube може да бидат од голема помош кога не сте сигурни која течна пудра ќе ја одберете.

Ако ја знаете вашата нијанса од некој одреден бренд, но не сте сигурни која е нијансата кај другиот бренд, едноставно посетете ги сајтовите како Temptalia Foundation Matrix или Match My Makeup, кои на основа на нијансата на течна пудра која ја користите, ќе ја пронајде таа што ви одговара од друг бренд.

# 5 Ако не сте сигурни, земете посветла нијанса!

Ако не сте сигурни за која од две нијанси да се одлучите – подобро е да ја одберете посветлата нијанса, затоа што лесно може да ја „поправите“ со малку бронзер или капка потемна пудра. Тоа е многу потешко да се постигне со темна нијанса на течна пудра – тоа веќе е промашена инвестиција.

# 6 Одредете го буџетот!

Пред да одлучите да купите пудра – одредете го вашиот буџет однапред, бидејќи парфимериите се преполни со течни пудри во секој ценовен опсег. Ова е корисно за да не се загубите во бесцелно лутање. Сепак, добро е да се инвестира во квалитетна течна пудра, бидејќи е основа на шминката. На се друго, слободно можете да заштедите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *