6 точки за кои сигурно не знаете дека треба да нанесете коректор!

Коректорот е еден од оние козметички производи кој со право ја носи етикетата – must have. Без коректор, едноставно не може да се започне шминкањето и нема разлика дали се работи за дневна, вечерна или шминка за посебни прилики.

Ако малку подобро размислите, коректорот во некоја рака ви доаѓа како најдобра пријателка во мејкап светот, тука е да ги прикрие сите ваши несовршености, трагите од замор, мамурлак и непроспиените ноќи. Покрај тоа, тој е многу дискретен и лојален, бидејќи дури и кога вашата кожа “ве издава”, коректорот нема да дозволи околината да го забележи тоа.

Многу повеќе од средство за прикривање!

Дали посегнувате по коректорот само кога е неопходно да се прикријат подочњаците и црвенилото на кожата? Ако одговорот е да, имам новина за вас – многу сте пропуштиле! Откријте го неговиот целосен потенцијал, користете го мудро и за вас ќе биде многу повеќе од обичен козметички производ.

6 точки на кои треба да нанесете коректор!

Над и под веѓите!

Изблендирајте тенка линија на коректорот над и под веѓите, така што ќе можете подобро да ги потенцирате и дополнително да го отворите погледот. Овој метод ќе биде особено корисен кога сакате на исцртаните веѓи подобро да им го дефинирате нивниот облик или барем малку да ги промените стандардните линии на вашето лице.

Внатрешниот агол на окото и под окото!

Темните, виолетови или сини кругови под очите, коректорот ќе се елиминира беспрекорно, а кога ќе го нанесете на аглите на окото, ќе добиете свеж и одморен изглед. Ова е вистинскиот начин на очите да им ја вратите живоста, особено кога вашето расположение не е на максимум.

На врвот и на коренот на носот!

Ако коректорот го нанесете по средината на носот и на “преградата” помеѓу очите, централниот дел на вашето лице ќе ја добие потребната светлина. Исто така, коректорот може да ви помогне визуелно да го стеснете носот, ако тоа ви е потребно.

На крајот од носот!

Овој регион на носот често е покриен со црвени и испукани капилари, затоа употребата на коректор за осветлување во голема мерка ќе придонесе за изедначување на тенот и ќе направи да изгледате беспрекорно.

Аглите на усните!

Трикот особено е погоден за жените чија кожа губи тонус, а усните благо “паѓаат”. Тешко е ова да го признаеме, но овој процес е неизбежен и почнува да се појавува со годините. Затоа, нанесете коректор на надворешните агли на усните, тоа ќе ги подигне и ќе ја разубават вашата насмевка.

По средината на брадата!

Изблендирајте го коректорот токму по средината на брадата. Не само што вашето лице ќе биде осветлено, туку продолжувањето на шминката ќе биде чиста поезија! Коректорот по средината на брада совршено ќе го нагласи вашиот кармин, без разлика каква боја е, а усните едноставно ќе сјаат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *