- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Интернационалниот луксузен бренд Amouage го претставува Love Tuberose, последниот мирис од колекцијата The Secret Garden.

Мистериозната љубовна приказна продолжува!

Како што мистериозната љубовна приказна продолжува и се развива во оваа колекција, така овој нов романтичен и цветен мирис го оживува срцето и желбата, што потсетува на руските класици на литературата и музиката.

Christopher Chong креативнен директор на Amouage!

„Во Love Tuberose ја гледам жената која што е воодушевена од романтиката која може да се сретне единствено во класичната руска уметност. Манифестација на страс, надеж и авантура, мирис кој ја рефлектира возбудата и мистеријата на една љубовна приказна“ – објаснува креативниот директор на брендот Amouage, Christopher Chong.

- Реклама -

Love Tuberose создава спомени со својата богата аура на женствени ноти!

Привлечниот мирис на Love Tuberose ги соединува топлината на гарденијата, туберозата и јасминот, во хармонија со гурманските и нежни ноти на ванила. Дрвенестата и мошусна основа на кедар и сандаловина додава длабочина на нежност од арома на букет со цвеќе која повторно создава спомени со својата богата аура на женствени ноти.

Капаче декорирано со светло розови Aurore Boreale Swarovski кристали!

Елегантното пастелно шише во боја на слонова коска е одраз на цветните елементи кои ги има во себе. Капачето на парфемот е декорирано со светло розови Aurore Boreale Swarovski кристали, акцентирајќи на луксузната деликатност и сензуална нежност која става акцент на мирисот.