- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

BOSS Parfums со гордост ви ја најавува фудбалска суперѕвезда Harry Kane како нов амбасадор на мирисот Boss Bottled United. Англискиот играч од светска класа, кој веќе шест пати е добитник на наградата за играч на месецот во Премиер лигата и кој ја има освоено наградата Златна копачка два пати, се придружува во ексклузивниот круг инспиративни мажи, кои ја предводат Boss Parfums фудбалската кампања.

Harry Kane – виталност и смисла!

Не само што англискиот напаѓач Harry Kane има дадено преку 100 голови во Премиер лигата, туку тој е и првиот играч во својата историја кој има постигнато шест хет-трикови во една година, веќе шест пати е награден за играч на месецот. Тој одлично ја отелотворува виталноста и смислата на новата фудбалска кампања на Boss Parfums.

За да успееш до врвот, мора да бидеш професионален!

„Станав играч кој сум денес преку посветеност. За да успееш до врвот, мора да бидеш професионален и да работиш понапорно за разлика од другите. Порано кога бев дете одев во парк со татко ми и брат ми да вежбам, а мојот татко постојано ми велеше да продолжам и никогаш да не се откажувам и тогаш кога работите нема да се движат како што сакам.” Harry Kane.

- Реклама -