Boss The Scent for Her Eau de Toilette: Новото издание на популарниот женски мирис

По Boss The Scent for Her од 2016 година и Boss The Scent for Her Intense од 2017, во февруари 2018 брендот Hugo Boss ќе ја претстави новата верзија, Boss The Scent for Her Eau de Toilette. Новото издание на популарната женска линија на мириси е блескава и освежувачка верзија на оригиналот.

Заводлив дух за одлично пролетно расположение!

Со овој неверојатен женски мирис, таа ја прифаќа нејзината нежна и сензуална страна. Boss The Scent for Her Eau de Toilette во себе го има задржано заводливиот дух на оригиналниот Eau de Parfum, во одлично пролетно расположение.

Мирисната композиција започнува со свежите ноти на зелена мандарина и розовиот бибер, кои се додадени на оригиналните акорди. Срцето на мирисот покрај османтусот е збогатено со ноти на цветот од портокал, а базата останува верна на оригиналот со ноти на печено какао.

Мирисот е преставен преку заштитното лице Anna Ewers.

Достапен ќе биде во 30, 50 и 100ml Eau de Toilette.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *