- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Нашминкај се како Eva Mendes!

Убава и слатка, тоа е Eva Mendes! Затоа нашминкај се како Eva! Позната по нејзината навидум без напор беспрекорна убавина. Се надевам дека ќе успеам да ви покажам, да видите како можете кај Eva да се комбинираат боите на праска и крем, но се разбира потоа и вие ќе можете да го постигнете истиот ефект на вашето лице.

ЛИЦЕ како Eva:

За да започнете, отфрлете ги тешките пудри, со тоа ќе постигнете вашата кожа да здивне. Ако сте во 20-тите одлучите се за Garnier BB крем Light или Medium нијансите, но за вас дами со и над 30 може да добиете беспрекорно лице со Bourjois 123 Perfect CC Cream нијанса 32 Light Beige. Овој производ e совршенство во туба и нуди неверојатна покриеност без кожата да чувствува тежина.

Мој предлог е на Т-зоната (челото, носот и брадата) со четка за руменило, нанесете од Bourjois Blush руменило број 3. За вистински ефект на праска и крем сјај, прескокнете ја пудрата во прав за лице, а со хајлајтерот од Catrice High Glow Mineral Powder број 010 користете ги прстите за да тапкате на јаболчниците на образите “од внатре кон надвор” за да добиете еден вид на сјај.

- Реклама -

ОЧИ како Eva:

Кај изгледот на Eva обично доминираат очите, исто како и веѓите кои се најсилната карактеристика на нејзиното лице. За да го постигнете ефектот на очите како кај Eva, не употребувајте темни, тешки сенки за очи. Наместо тоа, со црн eyeliner молив од L’Oreal Super Liner Silkissime Waterproof Eyeliner 24h направете линија на врвот од горниот дел на трепките и линија на долните трепки, а потоа со врвот на сунѓер пробајте малку да размачкате.

Потоа употребете ја маскарата Max Factor 2000 Calorie боја црна и нанесете ја во повеќе слоеви.

За конечна рамка на лицето, направете полна веѓа, а посебно ако вашите веѓи се разретчени тогаш употребете го моливот за веѓи од Artdeco Eye Brow Pencil боја 2 (intensive brown).

УСНИ како Eva:

За комплетен изглед на Вашите усни, да им дадете нијанса на праска, употребете Misslyn Creamy Lip Gloss сјајот за усни број 18 (apricot blush). Со ова ќе постигнете совршенство во комбинацијата на праска и крем боите.

Почитувани, Дали ви се допадна оваа комбинација, а вие што ја испробавте ве молам за коментари.