Дебитирајќи во рамките на визионерската кампања поставена во градината од соништата каде што цвета магијата, парфемот Profumo di Fiori влегува во светот на Gucci Bloom – замислен од Alessandro Michele и создаден од мастер парфимерот Alberto Morillas.
Софистициран и егзотичен мирис!
Славејќи ја виталноста и различноста на оние кои се идентификуваат со модерната филозофија на Gucci модната куќа, Alessandro Michele и Alberto Morillas овој пат избра цветна алијанса на ylang-ylang, тубероза и кинеската билка Орлови нокти за да создадат софистициран и егзотичен мирис.
Ќе ве маѓепса!
Женскиот Gucci Bloom Profumo di Fiori ќе ве маѓепса со тропски и пријатни афродизијачки ароми. Егзотичниот ylang-ylang е измешан со опојни бели цвеќиња и веќе добро познатиот акорд што се наоѓа во сите мириси од Gucci Bloom линијата. Тоа е Rangoon Creeper – кинеска билка Орлови нокти, вид на растение со црвени цветови со потекло од тропска Азија. Profumo di Fiori е создаден за оние кои се осмелуваат да го искусат животот и неговите плодови и да процветаат во нивното вистинско јас.
Мирисот остава елегантна и специфична трага!
Со својата свежина и природна зеленост, богатиот цветен квалитет и кремаста длабочина, туберозата е херојот во овој класичен цветен мирис. Блескав пресврт на белиот Bloom цветен потпис, Profumo Di Fiori ја ослободува привлечноста на туберозата и ја помешува со самбак јасмин за инстантен и директен израз. Јасминот ја нагласува белината на цветното срце и го збогатува сончевиот ефект на композицијата. Парфемот е збогатен со топлината на цветот ylang-ylang отелотворен од богат бран на сандалово дрво и кремасти дрвенести ноти. Мирисот остава елегантна и специфична трага кога оризот се комбинира со топлиот бензоин и омекнува покрај сензуалниот облак од мошус.
Aктерката Anjelica Huston во рекламната кампања!
Рекламната кампања претставува четири жени. Според креативниот директор на брендот Gucci – Alessandro Michele тие беа избрани да ја претстават виталноста и разновидноста на брендот. Предводени од актерката Anjelica Huston, пејачката Florence Welch, актерката Jodie Turner-Smith и дизајнерката Susie Cave.
View this post on Instagram
Светло жолта боја на шишето!
Шишето на Gucci Bloom Profumo di Fiori е со истиот дизајн како претходните изданија на Gucci Bloom, но со светло жолта боја на шишето, инспирирана од самата композиција. Надворешното пакување исто така е направено како претходните изданија со цветен принт на Toile de Jouy Herbarium House.
Gucci Bloom Profumo di Fiori е достапен во шишиња од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.