Miley Cyrus повторно е заштитно лице на кампања за Gucci парфем, овој пат за најновата креација Gucci Flora Gorgeous Jasmine. Исклучителната пејачка и текстописец Miley Cyrus, рекламната кампањата #FloraFantasy ја продолжува во блескава спална соба. Сцените обоени во пастелни нијанси креираат надреален дух и го вовлекуваат гледачот во сон.
Блескав, спокоен!
Новиот мирис ве повикува да влезете во нова димензија на неограничена слобода. Експлодирајќи со сензуален Grandiflorum јасмин, ова е вториот мирис после минатогодишната розова креација, кој се придружува на веселиот свет на #FloraFantasy.
Композиција предводена од прекрасниот јасмин!
Парфемот Gucci Flora Gorgeous Jasmine блеска со својата композиција предводена од Grandiflorum јасминот. Овој скапоцен цвет е измешан со основните ноти на сандалово дрво и бензоин – неговите сензуални ноти создаваат отисок на кожата уникатен за оној што го носи. Неговата енергија на внатрешна радост е дополнително засилена со ноти од мандарина и акорд на магнолија, кои на мирисот му влеваат чувство на радост. Парфемот е креиран од мастер парфимерот Alberto Morillas.
#FloraFantasy
Препознатливиот Flora дизајн со потпис на модната куќа го краси парфемот и му дава доза на магичност, засилувајќи го како предмет на инспирација.
Издолжено тиркизно шише со сјајно златно капаче!
Flora Gorgeous Jasmine е спакуван во ново, издолжено тиркизно шише со сјајно златно капаче. Пакувањето содржи нов поглед на препознатливиот Flora дизајн, првпат создаден од уметникот и илустратор Vittorio Accornero за Gucci во 1966 година.
Gucci Flora Gorgeous Jasmine е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.