- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Деновиве го прославуваме Светскиот ден на пчелата. На сите ни е познато дека пчелите произведуваат мед кој во текот на својата историја главно се употребувал како додаток во исхраната, но со текот на времето неговата примена е поширока и поради неговите извонредни својстава се повеќе своето место го наоѓа во светот на убавината.

„Патување“ до островот Оусан!

Во светот на нега и убавина на кожата, медот има многу важна улога. Во чест на Светскиот ден на пчелата, ве носам на мало „патување“ до островот Оусан.

Островот Оусан, кој се наоѓа на само 18км од брегот на Бретања, е УНЕСКО биосферен резерват со екосистем заштитен од пестициди.

- Реклама -

Брендот Guerlain со гордост учествува во одржување, чување и заштита на островот каде црните пчели произведуваат мед со извонредни својства кои се користат во нивната Abeille Royale франшиза.

За Guerlain, пчелите претставуваат секојдневен приоритет, затоа во соработка со Бретанската Организација за заштита на црни пчели (Brittanny Black Bee Conservation Association) секој ден во последните 30 години, тие се посветени да обезбедат заштита на црните пчели.

Guerlain Abeille Royale – импресивното влијание на медот врз кожата!

Дел од производите од франшизата на Guerlain Abeille Royale можете да ги видите во продолжение!

Abeille Royale Youth Watery Oil

Благодарение на извонредните својства на медот и најновите откритија во науката, нуди напредно решение за ефикасно справување со видливите знаци на стареење и целосна регенерација на оштетената кожа.

Honey Cataplasm Mask

Производ инспириран од импресивното влијание на медот врз кожата, кое дава беспрекорни резултати само по првото нанесување. Откако ќе ја извадите маската, веднаш ќе забележите дека вашата кожа е посвежа, затегната и сјајна.

Guerlain веќе 30 години е посветен на обезбедување заштита на црните пчели!

Оусан е мал остров, на чија земја црните пчели го нашле својот сигурен дом. 18-те километри кои ги делат од брегот на Франција формираат непристапна природна граница која ги штити од загадување и болести.

Веќе 30 години, Guerlain и Здружението за заштита на црни пчели се посветени на обезбедување конзервација на црните пчели.