„I Am Woman“ кампања! Жените слават жени!

Кампањата за новиот женски мирис Calvin Klein Women нуди создавање на поинаков вид слика, која е самоуверена, а воедно и сочувствителна, каде жените ги артикулираат и проектираат нивните идентитети.

#IAMWOMEN

Кампањата за Calvin Klein Women креирана во партнерство меѓу Lloyd & Co. и американскиот визуелен уметник Anne Collier, чии посебни и веднаш препознатливи фотографски дела се појавуваат на пакувањето на мирисот, како и на самото шишенце.

 

Lupita Nyong’o и Saoirse Ronan нова холивудска слика!

Во кампањата за Calvin Klein Women се појавуваат две жени кои помагаат во обликување на нова холивудска слика: Lupita Nyong’o и Saoirse Ronan.

Наградувани актерки и гласови на генерацијата, две жени кои се универзално познати по нивниот уникатен талент, креативност, интелигенција и сила на карактер. Тие се инспиративни фигури за жените низ целиот свет.  Nyong’o и Ronan се појавуваат во кампањата за Calvin Klein Women со впечатливи и директни портрети на Collier, симултано предизвикувајќи и поканувајќи го набљудувачот во Calvin Klein универзумот.

Фигури од минатото кои ги инспирирале како креативно така и како жени!

За возврат, овие инспиративни жени избраа фигури од минатото кои ги инспирирале, икони на женственост кои им помогнале да ги обликуваат нивните идентитети, како креативно, така и како жени.

Кампањата претставува триптих од сликите на овие актерки, а до нив култните женски фигури одбрани од самите Nyong’o и Ronan, жени кои ги инспирирале и кои влијаеле на нив.

Жени кои ја инспирираат Lupita Nyong’o’: Eartha Kitt и актерката Katharine Hepburn!

„Eartha Kitt и Katharine Hepburn се примери на луѓе кои не прифатиле статус кво, туку направиле простор за себеси. Јас сум инспирирана и водена од нивниот интегритет и нивната способност да зборуваат и да застанат зад она во кое веруваат, да ја променат историјата. Им се восхитувам на нивните жестоки артистички гледишта и на тоа дека не се предале себеси. Се обидувам да бидам слично автентична и полна со интегритет.“ – Lupita Nyong’o

Жени кои ја инспирираат Saoirse Ronan: Sissy Spacek и Nina Simone!

„Sissy Spacek се чини дека има волја да проба сè и да оди секаде. Таа била слободна и пионерка. Nina Simone пак, била способна да ја обликува музичката индустрија и себеси, да се претвори во она што требала да биде. Она што е важно за нас е тоа дали нечија работа влијае на нас? Дали не погодува? Да ги гледаш луѓето како прават нешто за кое се страстни, е инспиративно. Тоа не поттикнува да го правиме истото, да се чувствуваме исто.“  – Saoirse Ronan

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *