- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Еден од најубавите морски мириси – Kenzo Pour Homme доаѓа во нов формат. Популарно познат како Kenzo Homme Nomade, новото издание наречено е Kenzo Homme Fresh Eau De Parfum.

Нанесете го и веднаш нурнете во бран од свежина!

Како што наведуваат од брендот Kenzo, новата верзија со ново шишенце – „Може да го земете со вас каде и да одите и да уживате во мирисот по цел ден. Нанесете го и веднаш нурнете во бран од свежина! Вдишете ги неговите морски и дрвенести ноти и пловете во пространоста на океанот. Може да го чувате на ладно место за инстант ефект на уживање. Неговиот незаборавен дизајн во форма на бамбус – обновен е во модерно и елегантно шишенце со металик сина боја, кое нуди оригинално и раскошно аплицирање. Kenzo Homme Fresh Eau de Parfum е мирис за мажи во потрага на слобода“.

- Реклама -

Екстремно освежувачка мирисна композиција!

Мирисот е наменет за мажот кој ја сака слободата! Мирисната композиција го одразува патувањето преку море, убавината на богатите морски и солени ароми, уживање при нурнувањето во морското синило. Нијансите на сина бамбусова наметка ја чуваат свежина на новиот машки идентитет. Енергични, освежувачки ноти од нане и кардамон го откриваат експлозивното морско срце кое води до слатки дрвенести акорди. Композицијата е екстремно освежувачка, велат од брендот.

Kenzo Homme Fresh Eau De Parfum е достапен во шишенце од 100ml.