- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

“Најстрашниот” месец во годината се приближува, а Kylie Jenner по повод Ноќта на вештерките одлучи да лансира своја нова колекција со шминки, производи кои ќе ви овозможат совршен и конечен допир на било кој “страшен” мејкап изглед.

Колекцијата 3D Collection доаѓа со специјални 3D очила!

Во понудата на брендот Kylie Cosmetics, оваа интересна мејкап колекција наречена е 3D Collection поради пакувањето во кое доаѓаат новите мејкап производи, а дополнителна необична занимливост е тоа што секој производ доаѓа со специјални 3D очила. Фановите на Kylie најмногу го потенцираат пакувањето, кое е направено со 3D ефекти кои може да се видат преку специјалните 3D очила. Новата мејкап колекција содржи производи кои совршено се вклопуваат во концептот со празникот.

- Реклама -

Мејкап производи со необични Halloween имиња!

Како и во сите претходни мејкап колекции потпишани од Kylie Jenner, така и оваа колекција доаѓа со голем број на нови кармини кои се разбира имаат соодветни Halloween имиња како што е Bite Me во вампирско црвена боја. И другите мејкап производи имаат необични имиња. Monster, Creep it Real или Spider Bite се некои од парчињата во новата колекција на Kylie Cosmetics, а она што посебно го истакнува бјути ѕвездата Kilie e Hello Ghordeeous во металик златна боја кoја фасцинантно одговара на сите декадентни бјути изгледи кои може да ги одберете за Ноќта на вештерките.