Потемна и сензуална интерпретација на популарниот мирис! YSL La Nuit de L’Homme

La Nuit de L’Homme беше лансиран во 2009 година како вечерна варијанта на машкиот L’Homme парфем од 2006 година на брендот Yves Saint Laurent. По оригиналното машко издание следеа мирисите: La Nuit de L’Homme Le Parfum од 2010 година – како Eau de Parfum едиција, La Nuit de l’Homme Frozen Cologne од 2012 година, La Nuit de L’Homme L’Intense од 2015 година и La Nuit de L’Homme Eau Électrique од 2017 година.

За енигматични, заводливи и храбри мажи!

Во 2019 година брендот Yves Saint Laurent планира да лансира нова Eau de Parfum верзија на оригиналното машко издание – La Nuit de L’Homme Eau de Parfum. Новата верзија ветува потемна и сензуална интерпретација на популарниот мирис, наменет за енигматични, заводливи и храбри мажи.

 

Ориентално-дрвенеста композиција!

Ориентално-зачинските акорди на кардамон и тонка се засилени со дрвенеста комбинација од сандаловина, пачули, жалфија и мирис на кожа. Мирисот припаѓа на семејството со ориентално-дрвенести композиции.

Новиот Yves Saint Laurent La Nuit de L’Homme Eau de Parfum ќе биде достапен во 40, 60 и 100 мл, како Eau de Parfum.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *