La Nuit Trésor à la Folie градина од рози до лудило од Lancôme

Линијата на мириси La Nuit Tresor од Lancôme, во почетокот на 2018 година се проширува со уште едно издание насловено како “La Nuit Trésor à la Folie”. (фр. “à la folie” –  мк. “до лудило”).

La Nuit Trésor градина од рози!

La Nuit Trésor мирисите се замислени како градина од рози. Досегашните линии од La Nuit Tresor Eau de Parfum и Rose Caresse Eau de Parfum содржеа Aphrodisiac Rose, додека во La Nuit Trésor Eau de Toilette се наоѓа Rose Passion. Новата линија на рози со име Rose Fougueuse, е хероина од изданието La Nuit Trésor à la Folie.

Водени од идејата дека љубовта се манифестира преку безброј комбинации на чувства, композицијата со своите мириси се обидува да опфати различни искуства. La Nuit Trésor à la Folie е интерпретација на љубовта на Lancôme во форма на потполно задоволство и предавање. Мирисните ноти ги развија Christophe Raynaud, Amandine Marie и Honorine Blanc.

Мирис за потполно задоволство и предавање!

Во горните мирисни ноти свежината на пикантниот розов бибер е надополнета со бергамот и овошје. Дамаск розата е истакната со јасмин, божур и љубичица во срцето на парфемот. Базата открива сензуалност со еликсирот од ванила со природни есенции на бурбон ванила, бензоин и тонка, збогатена со дрвенести ноти.

Дијамант во боја на рубин!

Шишенцето на La Nuit Tresor à la Folie е дијамант во боја на рубин симболизирајќи страствен дух, а на вратот е украсено со црна лента, на која со сребрени букви испишано е: ” à la folie “.

Lancôme La Nuit Trésor à la Folie ќе биде достапен како 30, 50 и 75 ml Eau de Parfum.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *