- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Бјути ентузијастите и фановите на Lady Gaga минатата година откриле дека американската пејачка и актерка се подготвува за нешто ново, но овој пат во светот на убавината. По освојувањето на музичкиот и филмскиот свет со својот непобитен талент и модниот свет со нејзините храбри избори и неочекувани трансформации, се чини дека Lady Gaga одлучи да остави свој белег и во светот на убавината.

Нејзините избори на мејкап и фризура веќе се истакнати како единствени бјути изгледи кои секогаш ќе бидат запаметени во историјата, а сега Lady Gaga нејзината љубов за шминка одлучи да ја сподели со своите фанови преку нов проект наречен Haus Beauty.

Бјути проект со потпис на Lady Gaga!

По 2018 година, која без сомнение ќе ја запомниме како година кога излезе филмот A Star is Born со Bradley Cooper и Lady Gagа во главните улоги и 2019 година за Lady Gaga ќе донесе големи моменти. Додека сите шушкаат за номинација на најпрестижната филмска награда Оскар, Lady Gaga започна со своите настапи во Лас Вегас и се чини дека се подготвува за новиот бјути проект.

Зад името Ate My Heart се крие бизнис и креативното царство на Lady Gaga, а најновото име на листата на проекти е Haus Beauty, зад кое многумина претпоставуваат дека се работи за бренд за убавина чии производи ќе го носат потписот на познатата американска пејачка, актерка, модна и бјути икона. Деталите сеуште се непознати, а доменот hausbeauty.com засега не открива ништо повеќе од можноста за e-mail известување за брендот зад кој стои креативниот ум на Lady Gaga. Бјути ентузијастите за Haus Beauty несомнено очекуваат да биде освежување во светот на убавината.

- Реклама -