Lancôme Chroma – комбинација на шминка и уметност!

Ако сакате шминка, несомнено уживате во уметноста. Знаете, исто така вашето лице е како платно што треба да се наслика и да се разубави. Врската помеѓу уметноста и шминката на најдобар можен начин ја забележаа, искористија и ја искомбинираа парискиот бренд за убавина Lancôme и американската модна куќа Proenza Schouler, заеднички создавајќи ја Lancôme Chroma мејкап колекцијата за есен 2018 година.

Како и во претходните години, Lancôme избра модни дизајнери со кои ќе соработува на новата мејкап колекција, чија креација ќе придонесе за прогресивна и исклучително индивидуална визија за убавината. За новата колекција избрани се американските дизајнери Jack McCollough и Lazaro Hernandez, основачи на модната куќа Proenza Schouler. Ова дуо веќе редовно е на листата на најталентираните дизајнери, па затоа се очекува нивната визија за убавина и креативност да ве воодушеви.

Jack McCollough, Lazaro Hernandez, Françoise Lehmann

Овој дизајнерски дуо инспирацијата за најновата мејкап колекција ја пронајде во експресивната моќ на екстремно пигментираните и впечатливи бои. Во колекцијата може да се види и препознатливиот бескомпромисен пристап на бои и форми со кои модната куќа Proenza Schouler е позната.

Оставете впечаток со мејкап колекцијата Lancôme Chroma

Ако сакате да оставите впечаток, тогаш оваа нова мејкап колекција е вистинска за вас. Исклучителни мат формули и храбри линии е она што ја одликува најновата колекција на шминки. Оваа збирка ви дава можност да создадете мејкап изглед полн со контрасти, благодарение на енергичната палета со сенки за очи.

Но, пред да почнете да експериментирате со палетата на бои, морате да бидете сигурни дека вашиот тен на кожата е свеж и сјаен. Затоа, тука се суптилните светкави честички на Chroma хајлајтерот, кој само ќе ја истакне, наместо да ја прикрие вашата природна убавина.

Нов и впечатлив мејкап изглед!

Палетата со сенки е исполнета со совршени есенски нијанси за да создадете поинаков smoky eye изглед. Поиграјте со бакарни, темно-црвени, розови, кафени и интензивно сини бои со топлите нијанси на Warm Chroma палетата за очи.

За усните доаѓа најновиот редизајниран кармин Lancôme L’Absolu Rouge со прекрасни есенски бои: портокалова, светло-црвена и темно-црвена. Можноста да експериментирате со секоја нијанса во зависност од ситуацијата, ќе го трансформира вашиот мејкап изглед. Од  Lancôme препорачуваат вашите усни да бидат исцртани со молив за усни за дополнително да ја нагласите нивната убавина.

Трикови за дневна шминка!

Во новата Chroma колекција вклучен е Chroma моливот за усни со двоен апликатор кои е достапен во истите нијанси како кармините. Овој молив за усни е совршен за дневна шминка. На една страна со двојна функција се наоѓа моливот за исцртување на усните кој може да се користи како изразито мат кармин, додека пак од другата страна се наоѓа сатенски нежен сјај.

За брзо нагласување на очите со неколку лесни движења во колекцијата вклучен е Chroma Ombre Hypnôse Kajal молив за очи 4 во 1. Може да се користи како eyeliner и како молив за очи благодарение на својата кремаста и нетранспарентна структура. Со него лесно ќе можете да создадете smoky eye ефект на очите и контрастен омбре изглед. Моливот за очи е достапен во 4 различни нијанси: црна, сива, кафена и петролеум сина.

Lancôme и Proenza Schouler мислеа на сè и во оваа мејкап колекција вклучени се лакови за нокти кои лесно се надополнуваат на било кој мејкап изглед и совршено може да се вклопат со вашата дневна шминка. Боите кои можат да се најдат на вашите нокти од оваа колекција се: нуд, капучино кафена и розова со нијанса на хибискус.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *