- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ја пронајдов магичната формула за пудра со целосна покривност до 30 часа и лесно чувство на лицето! Maybelline Super Stay Active Wear 30h

Формула за пудра која сите ја бараме!

Пронаоѓањето на совршена текстура и нијанса на течна пудра е предизвикувачка задача, но штом ќе успеете, никогаш повеќе нема да се разделите со неа, без разлика колку други избори и можности имате. Она што сите го сакаме наутро е само да ја нанесеме магичната формула на лицето што ќе трае цел ден. Чувството на леснотија и чувството дека кожата дише дури и кога е покриена со пудра е нешто кон кое сите се стремиме и формула која сите ја бараме.

Maybelline Super Stay Active Wear 30h Foundation

Се чини дека го бараме невозможното, нели?

При изборот на вашата совршена пудра за лице, внимавате на неколку важни работи: совршено да се вклопува со вашиот тен, да има лесна формула, овозможувајќи на кожата постојано да дише. Да се вклопува за дневен и ноќен мејкап изглед и да биде што е можно подолготрајна.

Maybelline Super Stay Active Wear 30h Foundation

- Реклама -

30 часа целосна покривност и лесно чувство на лицето. Да, можно е!

Течната пудра Maybelline Super Stay Active Wear 30h всушност е обновена верзија на популарната Super Stay пудра, која имаше неколку верзии во текот на годините. Оригиналната формула нудеше до 24 часа издржливост, а новата Super Stay Active Wear сега нуди до 30 часа постојаност. Тоа е супер перформанс за високо пигментирана пудра за целосна покривност со неверојатно лесна формула која дише.

Old Maybelline 24h and new 30h Foundation

Затоа, Maybelline Super Stay Active Wear е доказ дека совршената пудра за лице навистина постои!

Оваа лесна течна пудра е вистинскиот избор доколку сакате самоуверено да запловите во новиот ден и да ги завршите секојдневните активности без да се грижите дали пудрата ќе остане на вашето лице. Оваа пудра е за сите оние активни девојки, жени, мајки кои живеат динамично. Издржливата формула е отпорна на размачкување, вода, пот и постојана е до 30 часа. Формулата прилагодена на активниот начин на живот е немилосрдна во борбата против сите надворешни влијанија кои се закануваат негативно да влијаат на вашиот мејкап изглед. Во исто време е нежна и лесна за кожата.

Maybelline Foundation

Може да се каже дека пудрата Super Stay Active Wear 30h од Maybelline New York е навистина моќен сојузник на вашето лице, бидејќи и пркоси на водата, размачкувањето и потта. Лесно ќе се прилагоди на секој тон на кожа, бидејќи доаѓа во 6 различни нијанси.

Maybelline Super Stay Active Wear 30h Foundation

Maybelline Super Stay Active Wear 30h Foundation

Супер покривање со супер-лесно чувство на кожата и супер-мат ефект!

Сега можете безбедно и лесно да си го поминете денот со Super Stay Active Wear 30h течната пудра од Maybelline New York. Вашата течна пудра и вашиот целокупен изглед на шминката ќе останат на своето место, од моментот кога ќе ја нанесете вашата пудра до моментот кога ќе го завршите напориот ден и ја симнувате шминката!

Одлична формула нели?

Maybelline Super Stay Active Wear 30h Foundation a bottle Maybelline Foundation a bottle

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)