Mugler Angel Iced Star – снегулка која создава возбуда и магија!

Легендарниот парфем Angel на брендот Mugler добива ново, колекционерско издание кое ќе биде лансирано пред претстојните зимски празници. По шеќерните верзии и весели мирисни ноти, Mugler става акцент на ефектот на мараз и алудира на студените месеци кои ни доаѓаат. „Замрзнатата ѕвезда“ во себе ја носи непроменетата мирисна композиција на оригиналниот Angel, но овој пат во светло сино шишенце со сино-бел ефект на мраз.

Како снегулка Angel создава возбуда и магија што ја носат празниците!

Како снегулка, новото колекционерско шишенце сјае од бисерно бела до претпознатливата сина нијанса на култниот Angel, создавајќи возбуда и магија што ни ги носат празниците.

Мирисна композиција со небесен аспект, неодолив вкус и страст!

Мирисната композиција е ориентално-гурманска, создадена од мастер парфимерот Olivier Cresp и Yves de Chirin уште во далечната 1992 година. Како што е наведено од брендот Mugler: „небесниот аспект на мирисот го создава бергамот, неодоливиот вкус го даруваат црвените бобинки, додека страста се рефлектира преку чоколадото, ванилата и пачули“.

Mugler Angel Iced Star (Angel Étoile Givrée) ќе биде достапен како колекционерско издание во 25мл, како Eau de Parfum. Колекционерското шишенцето ќе може да се надополнува и да се користи повторно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *