- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Иновативно решение за ефикасна нега на кожата на стапалата! Parasoftin

Време е за одење на плажа и носење отворени обувки. Жешкото време ни наложува да заборавиме на затворените чевли и да се раскомотиме во влечки или сандали, а тоа значи дека стапалата ни се директно изложени.

parasoftin visual

Ефект на прекрасни стапала видлив седум дена од употребата!

Груби стапала и несредени нокти навистина го расипуваат изгледот. Секоја префинета жена внимава на секој детал, па така средени и негувани стапала се нешто што таа го посакува. Секако, грубите стапала го расипуваат впечатокот, но  влијаат и на самодовербата. Порано стапалата ги стругавме за да постигнеме нежен ефект, а сега тоа го правиме со чорапите Parasoftin (Парасофтин) за ефект на прекрасни стапала видлив седум дена од употребата.

Нежни стапала повторно можат да бидат реалност кај секоја жена!

Прекрасни, нежни стапала повторно може да бидат реалност на секоја жена благодарение на чорапите Парасофтин со иновативното решение кое го дава посакуваниот ефект и производ со прифатлива цена.

- Реклама -

parasoftin package

Внимателно избраните состојки обезбедуваат интензивна хидратација на нозете!

Во зависност од степенот на задебелување на стапалата, активните состојки продираат длабоко и го омекнуваат засегнатиот груб површински слој на кожата. Ова се должи на комплексот од растителни екстракти (екстракти од кактус, круша, лимон, грозје и ананас) уреа и алантоин кој ја хидрира сувата кожа, ја помага регенерацијата и има ефект на мазнење и омекнување. AHA и BHA киселините го стимулираат процесот на обнова и ефикасна регенерација на кожата. Внимателно избраните состојки обезбедуваат интензивна хидратација на нозете, давајќи им мазен, чист и префинет изглед со видлив ефект по приближно 7 дена од употребата.

Нежни стапала во само неколку чекори!

#1 Не треба да имате накит или лак на ноктите на нозете.

#2 Измијте ги стапалата, потоа исушете ги внимателно.

#3 Исечете го пакувањето и внимателно и рамномерно распоредете ја течноста во двете чорапи.

#4 После 60 до 90 минути отстранете ги чорапите натопени со течност и темелно исплакнете ги нозете со вода и сапун.

#5 Во зависност од состојбата на вашата кожата, процесот на ексфолијација (лупење на здебелените делови на кожата) ќе започне после 4 до 7 дена и ќе потрае уште 3 до 5 дена.

#6 За да останат вашите стапала мазни и нежни, може да ја повторувате постапката на секои 30 дена.

Чорапите не се препорачуваат во случај на оштетена кожа, егзема, габична инфекција или други кожни проблеми, преосетливост на некоја од состојките или ако страдате од дијабетес.

legs