Rihanna има три нови кармини со нуд нијанси кои одговараат на сите!

Откако го покрена својот мејкап бренд Fenty Beauty, Rihanna се покажа како вистинско освежување на мејкап сцената. Целата филозофија на нејзиниот бренд се темели на инклузивност и тоа досега му донесе огромна популарност и огромен профит, бидејќи Fenty Beauty се рекламира како бренд во чија понуда конечно ќе се пронајдат најразлични жени, со сите можни тонови и нијанси на кожата. Возбудата околу брендот почна да расте кога се лансира течната пудра со дури 40 нијанси, а новитетот што повторно ги вклучува сите жени се најновите нуд кармини со потпис на Fenty Beauty.

Всушност се работи за веќе добро познатите течни кармини Stunna Lip Paint, кои добија три нови нуд нијанси, подеднакво прилагодени на секој тон на кожата, што ги прави универзално привлечни. Едната нијанса е чоколадна, другата е со розови подтонови, а третата е вистинска нуд како што ја замислуваме.

Stunna Lip Paint Uncuffed

Uncuffed нијансата е прва во низата на бои која е опишана како совршена нуд нијанса за усни. Таа е со розов подтон и се нанесува во еден потег. Создава совршена рамка и ги покрива усните со помош на прецизниот апликатор, затоа ќе ви биде доволно само едно нанесување на бојата за да бидете задоволни со резултатите на овој долготраен мат кармин.

Stunna Lip Paint Unveil

Unveil  е чоколадна кафена нуд боја, која доаѓа во комбинација со формула постојана до 12 часа на усните. Дури и ако сте скептични за чоколадни бои на кармин, Rihanna со оваа нијанса ќе ве увери како подеднакво добро изгледа на секој тон на кожа.

Stunna Lip Paint Unbutton

На оваа, би рекла класична нуд нијанса за усни, Rihanna работеше на нејзиното усовршување цела година. За да го поткрепи тврдењето дека одговара на сите, сними рекламна кампања во која се појавува со жени со сосема поинаков тон на кожата од нејзиниот и јасно е видливо дека оваа ласкава нуд нијанса на сите совршено им се вклопува.

За жал производите од брендот Fenty Beauty не можат да се купат кај нас, а најблиско место каде што можат да се набават се Sephora продажните места во нашето соседство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FENTY BEAUTY BY RIHANNA (@fentybeauty) on

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *