RIHANNA НЕ ЗАСТАНУВА: НОВА КОЛЕКЦИЈА НА ШМИНКИ ОД НЕЈЗИНАТА БРЕНДИРАНА ЛИНИЈА! Fenty Beauty

Популарната пејачка Rihanna изминатите месеци не престанува да ги воодушевува бројните обожавателки низ целиот свет. Веднаш по фантастичниот успех што го забележа со колекцијата на долна облека Fenty X Savage, славната пејачката Rihanna најави нова колекција на шминки наречена Fenty Beauty.

Fenty Beauty by Rihanna!

Rihanna најави неколку нови мејкап производи од лансирањето на Fenty Beauty колекцијата. Пејачката на Instagram ја откри новата Moroccan Spice Eyeshadow палета за очи, новиот Eyeliner туш за очи, Pro Filt’r Eye прајмер за очи и две нови четки за очи.

Moroccan Spice eyeshadow палета за очи!

Централното место на летната колекција e Moroccan Spice eyeshadow палетата за очи која пристигнува во амбалажа што потсетува на Rihanna’s Galaxy Collection eyeshadow палетата.

Новата палета содржи 16 богато пигментирани мат, сатен, бисерни, металик и блескави нијанси со опсег од smoky интензивни до светли и универзално неутрални. Десната страна на палетата е сo избор на портокалови и златни тонови, а левата се прелева непречено кон студениот спектар на нијанси.

Пигментите се впиваат на очниот капак со сосема нова, долготрајна формула, која е лесно надградливва, дизајнирана да остане на очите без да се распадне по целодневното носење.

Fenty Beauty Flyliner Longwear течен туш за очи!

Fenty Beauty Flyliner Longwear течниот туш за очи е иновативен прецизен eyeliner кој ги комбинира интензитетот на бојата и леснотијата при нанесување на гел формулата. Flyliner е долготраен, водоотпорен, со формула која обезбедува хипер-заситен сатенски финиш.

Благодарение на уникатната, триаголна форма, тушот е лесен за држење, а неговиот супер-флексибилен врв обезбедува совршено нанесување без влечење или прескокнување. Flyliner тушот за очи дебитира со една универзална блескава нијанса.

Fenty Beauty Pro Filt’R Amplifying Eye прајмер за очи!

Fenty Beauty Pro Filt’R Amplifying Eye прајмерот за очи е дизајниран за да обезбеди подобро нанесување, поживи бои и долготрајност на вашите сенки за очи. Транспарентната формула се впива на очните капаци за да создаде мазна површина за лесно нанесување на сенката и супер-енергичност на боите.

Колекцијата исто така вклучува и две четки за очи!

Fenty Beauty All-Over Eyeshadow Brush 200 е најавена како крајно универзална мејкап четка, додека Tapered Blending Brush 210 е специјално дизајнирана за контурирање.

Rihanna минатата година ја основаше својата козметичка линија која се покажа за многу успешна, а потоа следуваа и модната линија за облека Fenty Puma и колекцијата за долна облека Savage X Fenty.

Пофалбите од модните критичари ги има сè повеќе на адресата на Rihanna, што е сосема заслужено со оглед на тоа дека воодушевува со новите идеи и модните производи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *