- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

По освојувањето на статусот на поп ѕвезда и модна икона, талентираната и харизматична пејачка Rihanna решително зачекори во светот на убавината со својот бренд Fenty Beauty импресионирајќи ги и најголемите скептици. Зад секој Fenty Beauty мејкап производ се крие потписот на Rihanna, но и љубов кон шминката која отсекогаш била важен дел од нејзиниот изглед. Од бронзен и сјаен изглед во почетокот на својата кариера, до совршено исцртани црвени усни кои често ги избира на црвениот тепих, до експериментирање со бои на сцената и надвор од неа, Rihanna отсекогаш е опкружена со мејкап и знае како да го добие најдоброто и неочекуваното од него.

Rihanna

Во центарот на нејзините мејкап изгледи се усните!

Во центарот на поголемиот дел од нејзините иконични мејкап изгледи се усните. Исто како и многу жени, поп-ѕвездата отсекогаш верувала во моќта на ефектен кармин. Низ годините, илјадници различни мејкап изгледи, кои на нејзиното лице ги креираа некои од најпрестижните мејкап уметници било за потребите на музички спот или за насловна страница на моден магазин, Rihanna ги научи најдобрите мејкап трикови. Меѓу нив постои мејкап трик за совршени усни кој последниве денови често го избира за промоција на филмот Ocean’s 8, но и за лежерни дневни изданија.

Rihanna

Rihanna има мејкап трик за совршени усни!

Својот едноставен мејкап трик Rihanna на бројните обожаватели го откри во еден Instagram Story. Како последен печат на гламурозниот smokey eyes изглед, Rihanna избра да ги потенцира своите усни. Иако се одлучи за неутрална боја, конечниот резултат беше многу ефикасен.

- Реклама -

Rihanna

Како? Наместо кармин, Rihanna нанесе од кремастиот хајлајтер во стик. Освен што е совршен мејкап производ кој дава доза сјај на кожата, Fenty Beauty Match Stix е изборот на Rihanna кога го посакува истиот ефект на усните.

Fenty Beauty Match Stix Shimmer Stick

Иако многу едноставен, овој мејкап трик е еден од оние за кои се прашуваме како самите досега не сме го пробале, но сигурно веднаш ќе посакате да го пробате.

Во продолжение ви го претставувам омилениот производ на Rihanna – Fenty Beauty Match Stix Shimmer Stick за сјајни усни, но и еден алтернативен производ кој може да го пронајдете во најблиската парфимерија за да го постигнете истиот ефект.

Aura Sheer Stick Creamy Highlighter

Aura Sheer Stick е дизајниран за освежување на кожата на лицето и телото, правејќи ја сјајна, хидрирана и негувана благодарение на формулата збогатена со масло од семки од грозје и какао путер.

Благата мирисна арома на ванила ќе се грижи за пријатно чувство во текот на нанесувањето на Sheer Stick Creamy Highlighter.