- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Како уметник кој дава маестрална и лична интерпретација на секоја нејзина креација, Martine Micallef замисли спектакуларни шишенца за оваа мирисна колекција – љубовни кафези од кои излегуваат шест интензивни и драгоцени мириси. Секој мирис се претвора во луксузен олфакторски резултат претставувајќи 6 фази на љубовта.

Шесте тајни на колекцијата Secrets Of Love се повикува на нашето шесто сетило. Кога доказот на љубовта тропа на вратата на душата – заглушувачки, громогласно, како татнеж засолнет во шише на уметноста како лист предмет на желба, мирисот се отвора со трага од розови бобинки и бергамот, со цел да се сврти вниманието и да се остави впечаток.

Потоа, превезот од леснотија ја носи јасноста на јасминот и заобленоста на кедарот, кои пак ги смируваат сетилата, ја прават уште почувствителна нашата сензуалност пред да нападнат со моќта на aмберот, ванилата и бензоинот.

Наменети за мажи и жени – парфеми кој содржат чисти состојки!

Енигматична миризлива поделба, наменети за мажи и жени – парфеми кој содржат чисти состојки, што раскажуваат приказна за нов почеток, љубовна фузија и духовна страст. Комуникацијата помеѓу две човечки суштества е искажана со совршена рамнотежа, преку доказ за заедничка судбина, небесно обединување, за еден вид телепатија. Духовна облека од соништа на оној што ја носи. Надминувајќи ги жанровите за поделба, ова се мириси кои нè ослободуваат од сите кодови.

- Реклама -

Штом мирисот ќе испари, излегува од кафезот и лета на седмо небо: фантастична територија на интоксикација на нашите сетила. Воздушен и светол, духовно сервиран со прецизно пишување, откривајќи осцилации помеѓу топлината, моќта и транспарентноста. Со присуство на пенлива цветна свежина, парфемот расцветува во интимен мирис со мекост на ванила која открива безвременски смирувачки мирис.

Martine Micallef и Geoffrey Nejman создадоа интензивни сокови со неспоредлива енергија!

За оваа колекција Martine Micallef и Geoffrey Nejman размислуваа мегаломански – многу формули и шишиња, создадени со иновативни, интензивни сокови со неспоредлива енергија.

Gourmet: Малина, темјан, костен, кожа, ванила

Glamour: Јасмин, роза, сандалово дрво, кашмир

Passion: Дрво, портокал, цимет, кашмир, сандалово дрво, мошус, карамела

Délice: Орев, чили пипер, роза бобинки, цимет, oud

Sensual: Овошје, јасмин, сандалово дрво, кожа

Spiritual: Розеви бобинки, бергамот, јасмин, кедар, амберрис, ванила, бензоин