Wood, нов Dsquared2 мирис за него!

Wood е проект дизајниран околу дрвото и неговите карактеристики – отпорност и цврстина. Дрвото има сложена структура која го прави единствено и неспоредливо. Така добиваме нов мирис кој го дефинира современиот Dsquared2 маж: сензуален, сигурен во себе и во својата личност.

Wood, за маж кој бара софистициран мирис!

Млад и во духот на своето време, главниот лик од овој мирис живее со страст, добри вибрации и импулс за сè што е ново. Маж кој бара софистициран мирис кој ја изразува својата автентичност, длабочина и страст.

Wood, го дефинира стилот и карактерот на Dsquared2!

“Мирисот е сетилно искуство, кој зборува за вас и вашата личност. Тој е најинтимен елемент, бидејќи ве прави препознатлив и различен на сосема неопислив начин. Го гледаме нашиот нов Wood мирис како посебен додаток кој е личен, но истовремено го дефинира стилот и карактерот на Dsquared2″  – велат Dean и Dan Caten основачи на Dsquared2

Wood, шишенце и пакување!

За мажите, едноставно шишенце од полирано стакло кое има уникатно капаче со супериорен квалитет, рачно изработено парче од дрвото јасен, кое нуди степен на изработка што практично исчезна. Капачето, исто така има магнет за затворање.

Иако се мешаат топли и ладни материјали не се губи индивидуалниот квалитет при допир. Дрвото како материјал остава архаичен впечаток, моќен, но смирувачки, додека сјајот и транспарентноста на стаклото и алуминиумот ја нагласува благородноста на мирисот.

Пакувањето е елегантно и пријатно на допир направено од темно кафено кадифе. Запечатено е со лист од јавор, препознатливиот симбол на брендот Dsquared2 кој е гаранција за квалитет, перформанси и иновации.

Wood, нов мирис за него! Моќен, уникатен и мажествен мирис!

Wood, новиот мирис за мажи од Dsquared2, се отвора со Медитеранска свежината на бергамот, мандарина и лимон од Сицилија, збогатен со елегантни, остри ноти на ѓумбир.

Во срцето на мирисот, ведри ноти на лисја на љубичица и кардамон во совршен контраст на уникатен и сензуален ambroks.

Модерната мешавина на бели дрвја, суптилно го осветлува елегантниот карактер на ветивер во основата на мирисот.

Wood, тоалетни производи!

Wood, новиот мирис за мажи од Dsquared2, ја комплетира линијата со три ексклузивни производи за во бања: Гел за бањање и туширање, балсам за после бричење и дезодоранс во стик.

Овие навлажнувачки и хранливи производи се идеални за секојдневна нега, обезбедувајќи на кожата непосредно и долготрајно чувство на свежина со суптилни ноти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *