fbpx

За мене - МАЈА ТИЛЕВСКА

Во моето професионално работење, секојдневно се среќавам со производи за убавина, најразлични мејкап производи, парфеми, креми за нега. Моите пријатели отсекогаш бараа мое мислење за најдобриот парфем, совети за шминкањето и за се што е поврзано со производите за убавина. Најубавиот дел од мојата професија е можноста секојдневно да се среќавам со најновите козметички производи, тестирајќи ги на себе, градам мислење за производите, за нивниот квалитет, функционалност и бенефит од нивното користење.

Убавина за сите – слатки ритуали е место каде што секој ќе може да има современ дијалог за сложеноста на убавината. Јас ги подржувам сите кои се обидуваат да зрачат со убавина и ги распознаваат разните нијанси на убавината кои ја прават неа интересна и деликатна. Користејќи ги производите за убавина како алатка, јас се трудам да Ви ги претставам што по автентично приближувајќи ги до Вас.

ЗАТОА ГО СОЗДАДОВ ПОРТАЛОТ УБАВИНА ЗА СИТЕ – СЛАТКИ РИТУАЛИ

Порталот е мојот личен дневник, кој го споделувам со Вас. Фокусот на сајтот е козметиката. Темите кои се опфатени се: шминка, парфеми, нега на кожата и косата, нокти. Ќе можете да прочитате рецензии, тестови и описи на производи, совети и препораки во врска со убавината, одговори на вашите прашања, информации за нови производи на нашиот пазар. Се надевам дека Ви се допаѓа мојот креативен простор и ќе најдете нешто интересно за Вас.

Мојата прва љубов е шминката. Ми се допаѓа фактот дека шминката може да го промени целиот изглед на лицето. Шминкањето е моја форма за изразување. Преку Убавина за сите ќе ја споделувам мојата љубов и страст кон шминкањето.

Понекогаш ќе критикувам ама целта е да Ви пренесам дел од моето знаење. Мислењето за производите кои ќе Ви бидат препорачани се темели на моето лично објективно мислење и искуство, а ќе настојувам да бидам искрена и нема да дозволам никој да влијае на моето мислење. Нема да прифатам да пишувам рецензија за некој производ според желбата на производителот или дистрибутерот на тој производ. Ако нешто не ми се допадне кај одреден производ или сметам дека тој производ не го дава декларираниот квалитет го задржувам правото да напишам и негативна рецензија.

Маја Тилевска
Убавина за сите – слатки ритуали е место каде што секој ќе може да има современ дијалог за сложеноста на убавината.