Убавина за сите обезбедува интернет услуги на своите крајни корисници преку веб страната ubavinazasite.mk кои се состојат од обезбедување на информации поврзани со темата козметика, управување со содржини. Условите и правила за користење се во функција пропишување јасни правила за користење на веб сајтот ubavinazasite.mk наменети за крајните корисници.
Со самото посетување на веб сајтот ubavinazasite.mk крајниот корисник изјавува дека е целосно запознаен и се согласува со Условите и правила на користење на веб страната со што воедно се обврзува на нивно почитување при користење на веб сајтот без простор за исклучоци. Во случај корисникот да не се сложува со било кој дел од правилата и условите пропишани со Условите и правила на користење и Политиката на приватност треба веднаш да престане со користење на овој веб сајт.
Крајниот корисник го прифаќа фактот дека веб сајтот е во приватна сопственост и сета интеракција и комуникација која се одвива на веб сајтот мора да биде во согласност со Условите и правила на користење. Во случај на прекршување на Условите и правила на користење може да дојде до покренување на граѓанска постапка.
Користење на веб сајтот е лично право на крајниот корисник и во никој случај не може да се пренесе на други физички лица, правни лица или корисник овластен да потпишува други поединци или правни лица.
Крајниот корисник го прифаќа фактот дека постои можност за прекин на услугите во одредени ситуации или проблеми поврзани со настани кои се надвор од контрола на Убавина за сите и одговорно се согласува дека не одговара за било каква загуба на податоци или грешки кои можат да настанат за време на користење на интернет пренос на податоци.
Крајниот корисник е лично одговорен за доверливо чување на своите лозинки и заштита на своите приватни податоци при користење на веб сајтот. Крајниот корисник се согласува со фактот дека пристапот кон интернет понекогаш може да биде повремено недостапен, ненадејно прекинат или исклучен.
Убавина за сите го задржува правото во секое време да ги менува информациите кои ги споделува или да го прекине пристапот кон податоци во секој сегмент од нејзиното работење без никакви ограничувања сметајќи ја и опремата за пристап и користење на овој веб сајт на неопределено време без обврзување за предходна најава и образложение.
Доколку смета дека е потребно може во секое време да ги менува карактеристиките на веб сајтот, да го прекине текот на информации, да прекине со споделување на нови информации, да ја намали брзината на текот на податоците, да ги менува своите услуги и сервиси, да го менува начинот на работење и Политиката на приватност без обврзување за предходна најава или образложение и без никакви ограничувања.
Поради тоа препорачуваме крајниот корисник од време на време да ја проверува содржината објавена во делот со Услови и правила на користење и Политиката на приватност со цел запознавање со промените.
Континуирано користење на веб сајтот значи дека крајниот корисник се согласува на сите можни нови измени во начинот на делување на Убавина за сите во сите сфери од нејзиното деловно работење на веб страната ubavinazasite.mk, како и во сите измени содржани во Условите и правила на користење и Политиката на приватност.