- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Нова миризлива интерпретација! Aura Mugler

Пролетта е време кога се будат емоциите, кога луѓето се чувствуваат живи и се подготвени повторно да се вљубат. Свежината која ја носи ова годишно време е незаменлива, а токму тоа е инспирација за нови мириси.

Ја ослободува женственоста и личната аура!

Оваа пролет брендот Mugler го лансира Aura Mugler Eau de Toilette, нова верзија на ориентално-зелено-ароматичниот парфем Aura од 2017 година.

Aura Mugler Eau de Toilette претставува нова миризлива интерпретација која има блескава свежина и открива нежна и раскошна сензуалност. Aura Mugler ја буди природата во сите нас, терајќи нè да се чувствуваме енергични и живи. Ја ослободува женственоста и личната аура.

- Реклама -

Свежина и сензуалност!

Кај новиот Aura Mugler се чувствува ботаничката свежина и сензуалност, додека мирисот ослободува живописни ноти на личност која е посакувана.

Цветното срце на мирисната композицијата станува сочно, благодарение на нотите на крушата. Кинеското лековито растение Tiger Liana симболизира обединување на растенијата и животните и врската со нивните инстинкти. Бела ванила од Тахити и коренот на ирисот ја заокружуваат композицијата.

Шишето го има универзалниот симбол на љубовта!

Мирисот Aura Mugler е препознатлив по шишето кое го има универзалниот симбол на љубовта, срцето кое што е извор на љубов и емоции. Оваа креација на MUGLER е украсена со препознатливото М на брендот кое веднаш се забележува.

Aura Mugler е достапен во 30, 50 и 90мл како Eau de Toilette.