Луксузниот француски бренд Caron ја претстави La Collection Merveilleuse, колекција која содржи скапоцени мирисни изданија од наследството и современи креации. Дословно секој детал ја илустрира огромната креативност, смелиот дух и дарежливоста на брендот.
Парфеми креирани од најлуксузни природни состојки!
Caron е основан во Париз во 1904 година како резултат на експлозивна средба помеѓу вештиот и визионерски парфимер Ernest Daltroff и неговата муза Félicie Wanpouille, модна дизајнерка со фантастична интуиција и еманципирана бизнис жена. Мистериозно и револуционерно, ова дуо го отелотвори отфрлањето на усогласеноста во стиловите, став кој стана потпис на нивните мириси.
Во 1911 година, првиот дрвенест мирис, Narcisse Noir се осмели да вклучи сандалово дрво во неверојатно висок процент од 17% во формулата! Овој храбар потег означи нова ера и оттогаш овие дрвенести мириси се карактеризираат со предозирање со некои од најлуксузните природни состојки.
Tabac Blond е револуционерен мирис лансиран во 1919 година, кој стана легенда со кршење на сите норми на тогашното време. Како прв мирис во историјата во кој доминира акордот на кожа, ги отвори вратите на новото семејство на мириси.
La Collection Merveilleuse колекција која добро го носи своето име!
Денес, брендот пишува ново поглавје во приказната, воден од неверојатниот тандем – Ariane de Rothschild и Jean Jacques. Заедно ја креираа мирисната колекција Merveilleuse – „чудесна“ во секој аспект.
„Чудесна“ бидејќи илустрира повеќе векови историја спојувајќи ја традицијата со нови креации.
„Чудесна“ бидејќи илустрира комплетна слобода на која работат дизајнерите. Уметност која не е насочена кон трендовите.
„Чудесна“ бидејќи е плод на визија која не води низ секој чекор од дизајнот, преку бирање на извонредни суровини за креирање.
„Чудесна“ бидејќи шишенцата во колекцијата со својот изглед се како името на колекцијата.
Шише како амблем кој ја инспирира целата Merveilleuse колекција!
Свежата перспектива и живиот дух доведе до соработка со Olivia de Rothschild, која има голема улога во возобнувањето на брендот Caron, особено во дизајнирањето на новото шише. Заоблената форма, која асоцира на буква во името Caron, но и асоцијација за иницијалот на Olivia. Ова шишенце е амблем кој ја инспирира целата Merveilleuse колекција.
Caron беше првиот бренд кој понуди на своите купувачи да ги надополнуваат своите шишенца со парфеми!
Во Caron, не се чекаше еко дизајнот да стане модерен. Може да се каже дека се пионери во оваа област со тоа што уште во 1980 година Caron беше првиот бренд кој понуди на своите купувачи можност да ги надополнуваат своите шишенца со парфеми. Капачето на парфемот со завртка значеше дека може да се надополнува постојано. Долготрајни, повторно употребливи и компатибилни, новите пакувања комбинираат хартија создадена од целосно природни растителни материјали. Пакувањето е во бордо нијанса, која е силен симбол на брендот.
Jean Jacques ексклузивен парфимер на Caron
Caron има свој ексклузивен парфимер – Jean Jacques. Во светот, бројот на брендовите за мириси со свои парфимери може да се изброи на прстите на една рака. Ставот на Caron за оваа соработка значи дека парфимерот е слободен уметник, врз кој не доминираат трендовите. Jean Jacques компонира со палета на исклучителни природни состојки. Многу ретки есенции од одговорни и природни извори кои се грижат за луѓето и животната средина.
Која е тајната на Caron
Цветната моќ! Брендот е основан од парфимер кој лудуваше по моќта на цветовите, затоа денес опсесијата од цветната моќ е претворена во традиција.
Без разлика дали се работи за роза, цвет од портокал, тубероза или нарцис, кога станува збор за цветни ноти ништо не е премногу.
Предизвик да ги пробате!
Парфемите кои се креирани од најлуксузните природни состојки можете да ги пробате во FABUspot парфимерии.