- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Queen of Silk, најновото издание во парфемското портфолио на House of Creed е заводлив парфем кој фрла хипнотичка магија на сите што ќе се сретнат со него. Како посакуваната елеганција на свилата, овој парфем нежно ја гали кожата, оставајќи зад себе аура која сјае.

The House of Creed

Мирис инспириран од елеганцијата на свилата!

Queen of Silk го отелотворува раскошниот сјај и етеричната мекост на свилата, создавајќи трага на сензуална привлечност која ги плени сетилата. Мирисот создава хипнотизирачка магија над сите што ќе се сретнат со него, како опоен мирис што е инспириран од елеганцијата на свилата, позната по својата безвременска убавина и нежен допир.

package

Исткаен од состојки кои евоцираат далечни земји!

Мирисна таписерија исткаена од состојки кои евоцираат далечни земји каде некогаш патувало ова богатство. Queen of Silk ги комбинира жестоките цвеќиња и плодовите на кинескиот османтус, јаванскиот пачули и тубероза со сложените дрвенести ноти на кедар и агар, надополнети со нежната ванила Мадагаскар и богатиот килибар.

- Реклама -

Исцртувајќи ја вечната фасцинација на оваа прекрасна ткаенина, чии парадоксални квалитети и даваат сила и нежност, Queen of Silk, ја обвива кожата со нежен допир, оставајќи трага на долготрајна сенузалност која трепери во воздухот со прозрачна енергија.

Вистинско модерно олицетворение на најстарото богатство, Queen of Silk е мирис кој ве носи надвор од времето, додавајќи магија на привлечност и грациозност, хармонија на софистицирани ноти проткаени со современ шмек, кој ве носи во свет на заводливост и неспоредлива елеганција.

Creed Queen of Silk ingredients

За House of Creed

The House of Creed е автентична парфемска куќа посветена на креирање високо квалитетни парфеми направени од исклучителни состојки.

Легендата за брендот започнува во 1760 година кога нова лондонска кројачка компанија доставува пар кожни миризливи ракавици на Кралот Џорџ III. House of Creed е основана од страна на Џејмс Хенри Крид истата година со доаѓањето на младиот крал и оттогаш го води патот на креативноста за своите клиенти повеќе од 250 години.

Creed користи ретки, природни состојки кои ја слават убавината на природата. Оваа композиција е комбинација на престижни и ретки есенции. Creed интензивно патува до изворот, истражувањето, проверката и обезбедувањето на најдобрите материјали: роза од Бугарија, Франција, Турција и Мароко, индиски јасмин, ирис од Фиренца, индиска тубероза, хаитски ветивер, калибриски бергамот и темјанушки од Парма.

Висококвалитетните природни сурови состојки најчесто рачно се мерат и мешаат во мала занаетчиска фабрика во близина на Фонтебло, Франција. Процесот е потежок, но Creed секогаш се води од уметноста и тежнее кон совршенство.

Само во Belodore!

Парфемот Creed Queen of Silk е достапен во парфимеријата Belodore.

Creed Queen of Silk a bottle