Сите знаеме дека парфемот е речиси непогрешлив подарок за вашата блиска личност и затоа многу често го подаруваме за најразлични прилики. Родендени, матури, дипломи и многу други прослави, парфемите се наметнуваат како логичен подарок и тие интензивно се даруваат за време на новогодишните и божиќните празници, кои наскоро ќе ни затропаат на вратата. На омилените парфеми уште потешко е да им се одолее кога брендовите ќе ги понудат во празнично издание и лимитирани едиции кои денес ги има во вашата најблиска парфимерија, а веќе утре нема да бидат достапни.
Парфеми кои се идеални за незаборавен подарок!
Земете го за пример Chanel, кој го разбранува бјути светот кога неодамна го претстави ограниченото издание за претстојните празници на култната “петка” за прв пат во интензивно црвено шишенце. Сè уште нема крај на миризливите празнични изненадувања од брендот Chloé, со неодоливиот Love Story Eau de Parfum мирис. Изненадување за својата публика има брендот Armani со прекрасниот и женствен Sí Eau de Parfum претставен во луксузно издание. Во продолжение ви претставувам неколку специјални изданија на парфеми идеални за подарување за празниците кои ни претстојат – за вашата блиска личност или за себе.
Armani Sì Eau de Parfum Gift Set
Chloé Love Story Eau de Parfum Gift Set
Lancôme La Nuit Trésor Eau de Parfum Gift Set
Marc Jacobs Daisy Eau de Toilette Gift Set
Boss The Scent Eau de Parfum Gift Set
Kenzo World Eau de Toilette Gift Set
Valentino Valentino Donna Eau de Parfum Gift Set
Lancôme La Vie Est Belle Eau De Parfum Gift Set
Gucci Bloom Eau de Parfum For Her Gift Set
Calvin Klein Euphoria Eau de Parfum Gift Set