- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

На почетокот на 2019 година, Giorgio Armani го претстави машкото издание на Armani Code Absolu со рекламното лице, канадскиот актер и продуцент Ryan Reynolds (прочитајте ја објавата). Изборот за амбасадор на машкото издание на популарната мирисна верзија Armani Code се покажа како одличен избор и донесе позитивни реакции кај публиката. Машката верзија беше лансирана два месеци пред женското издание кое штотуку се појави во некои од светските парфимерии.

Почувствувајте го магнетизмот на главните ликови!

Во рекламното видео за Armani Code промовирано кон крајот на февруари 2019 година, покрај Ryan Reynolds се појавува и француската актерка Elodie Yung, со новата кампања „почувствувајте го магнетизмот на главните ликови“, порачуваат од брендот Giorgio Armani. Рекламното видео е режирано од Reed Morano.

Цветен мирис кој ги задржува нотите на неодоливиот цвет од портокал!

Armani Code Absolu Femme е најавен како ориентално цветен мирис кој ги задржува нотите на неодоливиот цвет од портокал, типичен за првата, оригиналната верзија на мирисната колекција Code Armani. Новата верзија во златно шишенце во отворањето на мирисот провоцира со цитрусни ароми на ѓумбир, правејќи го неролито поизразено и доминтно, додека мандарините даваат доза на сончев ефект. Слатките цветни ноти на нероли го најавуваат цветното срце во кое цветот од портокал останува како потпис на линијата Armani Code, измешан со бели цвеќиња, јасмин и опојни цветови на тубероза. Аромата на тонка се обединува со сандаловото дрво и ванилата во основата на мирисот, носејќи им топлина на цвеќињата, неодолива доза на удобност и длабочина.

Мирисот Armani Code Absolu Femme ќе биде достапен во шишенца од 30, 50 и 75 мл, како Eau de Parfum од почетокот на месец Април 2019 година.

- Реклама -