Уживајте во долготрајна сјајна кожа со Max Factor Miracle Veil Radiant пудрата во прав, нова транспарентна пудра за фиксирање која е дизајнирана за природно и дискретно да му даде сјај на лицето само со еден потег.
Ја фиксира шминката, дава природен сјаен и блескав изглед!
Прекрасната и лесна формула на Max Factor Miracle Veil Radiant пудрата во прав содржи пигменти кои ја рефлектираат светлината и на кожата и обезбедуваат природен сатенски изглед и тоа веднаш. Богата со минерали, фино мелената пудра ќе се стопи со кожата и ја подобрува нејзината текстура, давајќи изедначен и мазен изглед. Една универзална боја одговара со сите нијанси на Radiant Lift течната пудра и совршено ја фиксира шминката, така што кожата долго време ќе го задржи својот природен сјаен и блескав изглед.
Убавината на Miracle Veil Radiant пудрата е во тоа што таа е универзална!
Wendy Rowe, креативен директор на Max Factor вели: „Убавината на Miracle Veil Radiant пудрата е во тоа што таа е универзална, можете да ја користите во комбинација со течна или крем пудра за да ја фиксирате шминката. Се прилагодува на потребите на кожата без оглед на типот, може да се интензивира по потреба, но никогаш не изгледа неприродно“.
Создадена во соработка со шминкерите!
Miracle Veil Radiant пудрата во прав е развиена во соработка со мејкап артистите од Max Factor, за невидливо да ја фиксираат Radiant Lift течната пудра и да гарантира долготраен блескав изглед.
Создадена за вашиот стил на живот!
Обезбедувајќи моментално видливи резултати, Miracle Veil Radiant пудрата во прав лесно се вклопува во потребите и ритуалите на современите жени благодарение на брзото и лесно нанесување. Најситно мелената пудра и минералната формула гарантираат дека шминката ќе биде фиксирана без да изгледа неприродно на лицето, зголемувајќи ја природната убавина. Miracle Veil Radiant е идеална како секојдневно нанесување и за обезбедување на брилијантност на било кој мејкап изглед, или за посебни прилики кога е потребна дополнителна издржливост и сјај.