Брендот Oriflame лансира нов мирис Infinita кој со својата композиција ја слави женственоста, совршено потенцирајќи ја убавината, софистицираноста и силата на жената.
Цветот од јасмин ја доловува внатрешната сила, софистицираноста и убавината на жената!
Infinita поклонува модерна мешавина каде како клучна состојка се издвојува цветот од јасмин, доловувајќи ја внатрешната сила, софистицираноста и убавината на жената. Овој вид на јасмин преку 300 години се одгледува во местото Grasse во Франција, а неговиот опоен мирис избран е за срце на новиот мирис од Oriflame. Отворањето на мирисната композиција зрачи со сочни и сончеви акорди на мандарина и kumquat во комбинација со ароматичен розов бибер, додека основата на мирисот е топла со акордите на килибар, кашмирово дрво и ванила.
Мирисот Infinita е достапен во шишенце од 50 мл, како Eau de Parfum.