Приближете се до моќта на реалноста со Boss The Scent!
Дали навистина можеш да се поврзеш со некој што никогаш не си го сретнал? Дали е можно да се чувствуваш близок со некоја личност без да ја познаваш во реалниот живот? Иако живееме во виртуелен свет, каде се дружиме, зборуваме и се социјализираме зад екранот, тоа само повеќе не оддалечува. Само во реалниот живот сетилата можат да се поврзат и испреплетат.
Вид. Звук. Допир. Мирис.
Вистината е дека ништо не може да се спореди со хемијата во вистинскиот живот. Не можеме да останеме зад нашите екрани уште долго. Мораме да се дисконектираме и да дејствуваме според нашите импулси.
Boss The Scent ги поттикнува најдлабоките желби да се поврземе во реалниот свет!
Boss Parfums дебитираше со својата дефиниција за заведувањето во 2015-та година со претставувањето на Boss The Scent. Во својата вистинска форма, заведувањето е взаемен чин. Патување кое започнува со едноставен чин на приближување, додека влијанието и интензитетот на мирисот е тоа што предизвикува взаемна привлечност. Продолжувајќи ја оваа приказна, новата кампања на Boss Parfums ја илустрира трансцеденталната моќ на Boss The Scent, надминувајќи ги границите и поттикнувајќи ги нашите најдлабоки желби да се поврземе во реалниот свет.
Нова кампања, нови амбасадори, актерот Jamie Dornan и моделот Brigit Kos!
Во новата кампања ќе можеме да ги видиме новите талентирани амбасадори на Boss The Scent мирисите, актерот Jamie Dornan и моделот Brigit Kos. Во филмот на Drake Doremus, парот ќе ги преземе улогите на Boss мажот и жената, искусувајќи ја зголемената сензуалност. Поттикнати од моќта на Boss The Scent, тие ја започнуваат нивната средба зад маските за виртуелна реалност. И покрај оваа бариера, тие се поврзуваат. Физичката хемија помеѓу нив расте. Олеснувајќи ја нивната транзиција од еден свет во друг, Boss The Scent е всушност мост помеѓу виртуелноста и реалноста. Како што нивните сетила се испреплетуваат, тие се доближуваат додека не сфатат дека мора да се дисконектираат од нивната вирутелна реалност за да се поврзат во реалниот свет. Како дел од новото поглавје, дигитална кампања ќе ги предизвика потрошувачите да се дисконектираат од нивните екрани и да се поврзат повторно со нивните сетила, со цел да создадат незаборавни искуства кои го комбинираат виртуелното и реалното на нивниот пат на заведување.
Два привлечни и афродизијачки нови мириси!
Со афродизијачки пресврт на оригиналните мириси, Boss The Scent Private Accord за него и за неа се изградени врз основа на привлечниот екстракт од какао.
Подобрувајќи го квалитетот на мистериозниот екстракт од какао, парфимерот Bruno Jovanovic овој пат го направи Boss The Scent Private Accord за него, како дрвенесто-ориентален мирис, најавен како заводлив, мажествен и елегантен. Благодарение на софистицираната мока, која е помешана со исклучителните ноти на ѓумбир и егзотичното овошје Манинка, сетилата се комплетно заведени. Темниот џус со боја на килибар е вметнат во препознатливото шишенце со метално капаче во кафеава боја.
Креиран од страна на парфимерката Louise Turner, Boss The Scent Private Accord за неа, содржи ноти на мандарина и исклучителни ноти на османтус цвет, со цел да се зголеми неодоливиот шарм и темната привлечност на екстрактот од какао и сензуалниот тонка грав. Непогрешлив избор, мирисот е претставен во стаклено шишенце прикажувајќи елегантна градација на килибарна боја.