На почетокот на 2019 година, Yves Saint Laurent ќе го лансира новото издание на Black Opium парфемската линија – Black Opium Eau de Parfum Intense. Досега, мирисната колекција ги вклучуваше изданијата на оригиналниот Black Opium од 2014 година, Nuit Blanche изданието од 2016 година, Floral Shock од 2017 година и New Glowing Eau de Toilette од 2018 година.
Мирис за магична, смела, заводлива и независна жена!
Black Opium Intense се најавува како мирис за магична, смела, заводлива и независна жена, претставена со новото лице на рекламната кампања Zoë Kravitz. Таа ја следи својата интуиција, нејзините желби и ништо не може да ја запре и ја привлекува енергијата и можностите што ги носи ноќта.
Нова зависност!
Мирисната композиција е замислена како нова зависност – акордот на црно кафе е помешан со син апсинт. Оваа моќна комбинација е обвиткана со суптилни ноти од Самбак јасмин и сандалово дрво. Составот на мириси е потпишан од парфимерите: Nathalie Lorson, Olivier Cresp, Marie Salamagne и Honorine Blanc.
Светкавото темно сино шишенце е осветлено од внатре со сина течност на парфемот.
Мирисот ќе биде достапен во 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum Intense.
Нови лица на рекламната кампања Zoë Kravitz и Presley Gerber!
Покрај Zoë Kravitz, познатото лице на новата рекламна кампања е Presley Gerber, син на супермоделот Cindy Crawford.