Најновото издание од брендот Oscar de la Renta, кое во продажба ќе се најде од Февруари 2019 година, наречено Bella Rosa ја слави убавината на цвеќињата и го наследува минатогодишното издание Bella Blanca. Во прекрасно шишенце украсено со тродимензионални цвеќиња, но овој пат во розова боја, Bella Rosa ја слави романсата во цветната градина.
Богато цветно срце!
Агресивниот почеток на розов бибер, ја разигрува аромата на цветовите од фрезија и сончевите сокови од мандарина, најавувајќи го богатото цветно срце од рози и јасмин со елеганција на ирис. Основата на мирисната композиција ја слави цветна ода, надополнета со пачули, сандаловина и килибар, оставајќи суптилна топлина и софистицирана кремаста трага. Мирисната креацијата на новиот мирис Bella Rosa ја создаде парфимерот Harry Fremont.
Шишенце – тродимензионални цвеќиња во нежна розова нијанса!
Прекрасното шишенце го повторува специфичниот дизајн на изданието Bella Blanca од 2018 година, со цветови во светло розова боја и метална плочка во боја на розово злато на кои е изгравирано името на брендот и мирисот. Капачето исто така е во боја на розово злато и совршено се совпаѓа со тродимензионалните цвеќиња во нежна розова нијанса на телото на шишенцето. Надворешната амбалажа е направена во светло-розова боја со релјефни мотиви на цвеќиња и сјајна лента со името на мирисот.
Рекламното лице на кампањата е моделот Zhanna Brass.
Oscar de la Renta Bella Rosa ќе биде достапен во шишенца од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.