Calvin Klein го создаде новото, освежително дуо кое се појави на пазарот во февруари 2018 година. Новите машки и женски мириси Eternity Air, ги одразуваат различните нијанси на атмосферата со акордот “sky of the sky”, кој е воздушест, но истовремено и густ. Двата парфеми се со слична структура изградени од контрасти, составени од необични, природно воздушести и енергични мирисни ноти. Покрај свежината, мирисите Eternity Air ја комбинираат суштината на сензуалноста и непрекидната врска на вечната љубов.

Љубовта не секогаш е мелодраматична, има длабока едноставност!

Во рекламната кампања за новиот Eternity Air, учествуваат Jake Gyllenhaal, моделот Liya Kebede и четиригодишната Leila претставени како фамилија.

“Љубовта не секогаш е мелодраматична. Има длабока едноставност: како лежење на каучот, читање книга за детето, топла прегратка”

Eternity Air For Women прегратката и безрезервна љубов!

Женскиот Eternity Air For Women ја нагласува светлината и сензуалноста на композицијата со воздушни мирисливи акорди кои се измешани со овошни и свежи цветни ноти. Мошусот обединет со дрвенести ноти и амбер ја рефлектира топлината на прегратката и безрезервната љубов.

- Реклама -

Eternity Air For Men моќ и спокојство на природата!

Eternity Air For Men носи ароматично солен состав. Освен специфичната воздушност, композицијата исто така обезбедува ароматична лаванда и зелено јаболко, поигрувајќи си со блескавите и смирувачки бранови. Пачулито соединето со морските треви и бобинките од клека, ни ја пренесуваат моќта и спокојството на природата.

Женскиот мирис Eternity Air For Women е достапен како Eau de Parfum во 30, 50 и 100 ml, додека машкото издание на Eternity Air For Men е достапно како Eau de Toilette од 50 и 100 мл.