- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Floris London е британско парфемско семејство основано во далечната 1730 година, кое обезбедува бескомпромисни мириси. Floris е едно од најстарите парфемски семејства во светот и единствен парфимер на нејзиното Величество Кралицата.

Автентична куќа на мириси!

Floris London е оригинална и автентична куќа на мириси! Главната продавница сеуште e на истото место, на оригиналната локација на познатата лондонска улица Jermyn Street 89 и веќе е дел од историјата. Внатре се наоѓа оригиналниот ентериер од махагон купен на голема изложба уште во 1851 година, како и многу предмети кои претставуваат вистински музејски артефакти кои ги наследува секоја наредна генерација.

- Реклама -

„Royal Warrant“ – печат кој означува дека брендот го користи кралското семејство!

Floris е единствениот парфимер кој е именуван од страна на британската кралица Елизабета II и поседува „Royal Warrant“ – печат кој означува дека тоа е бренд кој го користи кралското семејство и дека нуди врвна услуга и квалитет во сопствената област. Токму затоа, компанијата има дозвола да го прикажува кралскиот грб во своите простории.

За да се добие печат од Принцот од Велс, важно е да се почитува политиката за заштита на животната средина, така што детално е испитано учеството на самата компанијата по ова прашање. Кралскиот печат е гаранција за купувачите дека добиваат производ со врвен квалитет. Налогот за издавање на Royal Warrant документот се издава на име на добитникот на грантот во име на компанијата, а денес тоа е господинот John Bodenham Floris.

Само тројца членови на кралското семејство можат да издадат кралски грант, а тоа се: Кралицата Елизабета II, Војводата од Единбург (Принцот Филип) и Принцот од Велс (Принцот Чарлс).

Единствени креации и изработка на парфеми по лична нарачка!

Безвременските и единствени креации на парфимерите на компанијата, прво поминуваат контрола на Edward Bodenham, сопственик и дел од деветтата генерација на семејството Floris.

Компанијата нуди опција за изработка на парфеми по лични нарачки, како и можност повторно да се изработи некој од парфемите од  „Книгата на историски мириси“ кои веќе не се во каталошката понуда.

Private Collection и Signature Collection – две мирисни колекции!

Private Collection е најпрестижната колекција инспирирана од луѓето местата, сегашните и минатите случки од животот. Тимот на Floris внимателно ги одбира најквалитетните состојки кои се набавуваат од целиот свет, внимателно ги комбинира со цел да се изрази приказната која стои зад креацијата на најдобар можен начин.

Signature collection for Him е наменета за мажите, ја одразува благородната елеганција и неконвенционалниот дух на Лондон.

Signature Collection for Her е безвременска колекција на мириси за жени кои не ја следат моќта, туку своето срце, колекцијата која е инспирирана од драги места и личности.

Neroli Voyage најновото мирисно патување!

Последниот мирис на Floris e Neroli Voyage кој е дел од семејството на мириси Citrus Marin. Инспирацијата за неговото создавање е добиена од патувањата на директорот и сопственик, Edward Bodenham кој чекори по патот на неговиот предок Robert Floris.

Поаѓањето е од Антиба кон сончевата Француска ривиера, преку Лигурското Море до миризливиот остров Корзика и пошироко кон италијанскиот град Позитано.

Neroli Voyage романтичен мирис наменет за мажи и жени!

Новиот Neroli Voyage е пенлив, енергичен, свеж, ароматичен и романтичен мирис наменет за мажи и жени.