- Реклама -

Burberry Her е нова парфемска линија на британската модна куќа Burberry, под водство на новиот креативен директор Riccardo Tisci и прва парфемска линија со редизајнирано лого. Оригиналниот Burberry Her беше претставен во Септември 2018 година, инспириран од младешкиот дух на градот Лондон, како цветно-овошна и гурманска композиција на парфимерот Francis Kurkdjian.

Тоалетна вода со лесен цветен и овошен карактер!

Првото мирисно надополнување на линијата Burberry Her ќе биде лансирано оваа пролет 2019 година под името Burberry Her Blossom Eau de Toilette. Парфимерот Francis Kurkdjian ја создаде новата тоалетна вода со лесен цветен и овошен карактер. Свежи ноти на мандарина и розов бибер ја отвораат композицијата заокружена во срцето на мирисот со цвет од слива на дрвенеста база и мошус.

- Реклама -

Мирисна градина која нуди деликатна женственост!

„Burberry Her Blossom Eau de Toilette е инспириран од лондонските паркови во пролет“, изјави Kurkdjian. „Комбинацијата на цвет од слива, цитрусни ноти и нежни латици од божур создава неочекувано цветно ветре, а додатокот на сандалово дрво го наговестува мошусот комбиниран во оваа мирисна градина, која нуди деликатна женственост.”

Манекенката Cara Delavigne е лице на рекламната кампања!

Лицето на рекламната кампања снимено од Juergen Teller е манекенката Cara Delavigne.

Шишенце инспирирано од првиот парфем на брендот Burberry!

Светло-розовото шишенце со проѕирно стакло, инспирирано од првиот парфем на брендот Burberry for Men од 1981 година, останува идентично со оригиналот. Капачето е со бела боја, со златен прстен околу вратот на шишенцето.

Burberry Her Blossom ќе биде достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.

- Реклама -