Супермоделот Karlie Kloss претставена во улога на популарниот филмски лик Jessica Rabbit, но со силна доза на Marilyn Monroe од филмот „Gentlemen Prefer Blondes“ од 1953 година, за кампањата на мирисот на Carolina Herrera Good Girl Velvet Fatale.
Долгоногата русокоса позираше во ретро-џез бар, опкружена од мажи кои ја „соблекуваат“ со своите погледи, пред објективот на фотографот Serge Leblon, најавувајќи парфем кој е провокативен, моќен и заводлив.
Carolina Herrera Good Girl Velvet Fatale
Следејќи го успехот на оригиналниот Good Girl – сладок и ориентален, лансиран во 2016 година како комбинација на тубероза и тонка бобинки, дизајнерската куќа Carolina Herrera понуди ново колекционерско издание Good Girl Velvet Fatale. Ограниченото издание доаѓа во препознатливото шишенце во облик на штикла, но сега обвиткано во црвено кадифе, украсено со златни детали.
Ограниченото и ексклузивно издание на парфемот во себе ја содржи оригиналната Good Girl мирисна композиција, претставена на „сензуален и провокативен начин”. Good Girl девојката претставена како фатално опасна, неодолива, заводлива и сензуална. Нејзиниот мирис е комбинација од бели цветови на јасмин и тубероза во контраст со длабоките ноти на тонка и какао.
Carolina Herrera Good Girl Velvet Fatale е достапен во 80 мл, како Eau de Parfum.