- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Armani Eau De Nuit Oud Pour Homme еден од најголемите класици помеѓу машките парфеми!

Лансиран во 1984 година, првиот парфем на Armani Eau Pour Homme линијата, претставува еден од најголемите класици помеѓу машките парфеми. Станува збор за мирисна интерпретација на харизмата на Giorgiо Armani и неговото култно сако. Eau de Nuit со продорни црни нијанси како “смокинг”, додека последното издание на носи дополнителен допир на длабочина и топлина, како мека марама што елегантно паѓа преку сакото. За новиот стилски и мирисен потфат – Eau de Nuit Oud одговорна е дизајнерката на парфемот Marie Salamagne, автор на оригиналниот мирис Eau de Nuit.

Лен, твид, кадифе и италијанска волна. Giorgiо Armani за своите модни колекции ги користи само најдобрите материјали и еднаков пристап негува и кога станува збор за парфемите. Преубави суштински есенции, како што се ирис и дрвенести состојки, станаа заштитен знак на брендот. Oud е новиот додаток на оваа стилска палета. Слоевито текстуриран, открива голем број на лица, како ткаенини со различни тежини. Ретко видената убавина и величественост на Oud придонесуваат за мирис да биде уште попрефинет, почист и повпечатлив од било кога.

Oud!

Ова благородно, уникатно и моќно дрво кое шири неодолив мирис, доаѓа од северниот дел на Laos, зрачи со луксуз и е во совршена хармонија со модното изразување на Armani. Затоа неговиот екстракт е идеална состојка за последното издание на парфемот за мажи.

Стилот на Armani: моќ и флуидност!

Giorgio Armani сакаше да го истражи новото лице на Eau de Nuit, градејќи мост помеѓу Италија и почетокот на развојот на парфимерството, без претерано користење на мирисни ноти кои традиционално ги поврзуваме со истокот. При креирањето на новата композиција, Marie Salamagne го нагласува изворниот склад на парфемот Eau de Nuit како би ги нагласила новите топло-темни ноти, а би ги ублажила новите светли ноти. Акордите на бергамот сега помалку се  нагласени и е суптилно зачинет со кардамон и розов бибер. Ирисот, омилената состојка на Giorgiо Armani, исто така доаѓа во прозрачна верзија како би овозможил розата во срцето на мирисот да се пробие низ дрвенестите ноти кои ја опкружуваат. Во тој момент се забележува oud: како чад од цигари, нагласен со ноти од guaiac дрвото и дрвенестата нота cypriola. Неговата темна страна го открива кожниот акорд на парфемот, придружен со суптилните зачински ноти на шафран. Впечатлива, но не и нападна, структурата на парфемот Eau de Nuit Oud е продорна и интензивна со раскошна срцевина.

- Реклама -

Шишенцето одраз на вечерна елеганција!

Oud e мирисен couture кој е апсолутно Armani. Шишенцето е одраз на вечерна елеганција, инспирирано од култното Armani сако. Сите шишенца од линијата Eaux pour Homme го имаат задржано истиот препознатлив облик, единствено за Eau de Nuit е користено продорно црно стакло кое го симболизира славното сако. За Eau de Nuit Oud користена e сјајна црна боја од неговиот претходник која е нагласена со ребрасто златно капаче и основа. Името и логото се исто така во златна боја и ја нагласуваат уште повеќе продорната црна боја на сакото кои креираат совршена елеганција.