Kouros е легендарен мирис на модниот бренд Yves Saint Laurent, кој бил создаден во 1981 година и претставува приказна на хероизам и храброст. Kouros е вистинска инкарнација на машкоста со сите негови нијанси.

Kouros Silver е мирис на модерен херој!

Kouros во 2015 година се појавува повторно, но во младешки дух и во модерна варијанта како Kouros Silver. Toa e мирис кој го отсликува машкото тело, неговата моќност, стил и мажественост. Тој е олицетворение на сила, архетип на слава.

Kouros Silver е мирис на модерен херој. Смел, непобедлив и триумфален човек кој открива моќно мирисно толкување на современиот херој.

Духот на Silver лежи во непоколебливата дисциплина, бесконечната определба, жедта за освојување и вечната желба за победа!

Ароматична мешавина создадена за мажот на денешницата!

Свеж и интензивен, Kouros Silver веднаш се поврзува со кожата. Експлозија на свежина благодарение на зелено јаболко во комбинација со амбер. Ароматична мешавина создадена за мажот на денешницата.

- Реклама -

Добро и смело!

Добро и смело, шишето на добро познатиот Kouros останува непроменето. Само неговата површина е редизајнирана и обработена со сребро за подобро изразување на естетиката. На тој начин Kouros Silver се јавува како столб на сјајни сили и мажественост. Претставен е во длабока и сива амбалажа, заокружена со суптилни метални ленти. Преку сјајното сребро претставен е модерниот машки луксуз преку кој се наоѓа вистинската причина за постоење.