- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Gucci Made to Measure, за мажот кој го бара најдоброто!

Светски и префинет, го бара само најдоброто, тој е човек чие мислење има влијание врз другите на природен начин. Дури и во неговата секојдневна рутина, тој се издвојува од толпата. Тој е сестран познавач, чии што потези зборуваат за неговата желба да се остави силен впечаток. Неговиот мирис, костум и однесување прават да се разликува од останатите мажи, ова е маж кон кој се стремат сите, да бидат како него.

Комбинација на избрани состојки од целиот свет!

Мирисот е создаден како Made to Measure костумот, секој акорд и состојка се дел од текстура и структура, создавајќи една целина, која претставува  хармонија на ткаенини и детали. Мирисот е комбинација на разумно избрани состојки од целиот свет  одразувајќи софистицираност. Тоа е мирис кој е специјално стокмен со филозофијата на  Gucci, а таа е да се обрне посебно внимание на секој детаљ, секоја мирисна нота, за кои е потребно  многугодишно искуство и усовршување .

Мирис создаден за да остави траен впечаток!

Gucci Made To Measure е ориентално зачинет мирис создаден за да остави траен впечаток. Семе од анасон, дестилиран Туниски цвет од портокал и најдобриот Калабриски бергамот се составен дел од топ нотите. Мирисот во срцевината е електричен со раскошно зачинета текстура од пикантни ноти на смрека, морско оревче од Шри Ланка и вкусна слива. Килибарните ноти и прочистениот Андалузиски цитрон се искомбинирани за да создадат непогрешливо софистицирана база на мирисот. Сите состојки заедно се знак за префинетост, егзотичност и луксуз.

- Реклама -