- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Поминаа триесет години од лансирањето на оригиналниот JOOP! Homme (1989), мирис кој претставуваше многу храбар потег во индустријата за парфеми, бидејќи тоа беше првиот розов мирис за мажи. JOOP! мажот е замислен како неконвенционален и слободен, без страв да ги прекрши правилата. Денес, илјадници шишенца од сега легендарниот мирис сè уште се продаваат низ целиот свет.

JOOP! Homme Absolute мажот е роден заводник!

За годината 2019 година, JOOP! подготви нова верзија JOOP! Homme Absolute, кој отвора ново поглавје на JOOP! Homme мирисите. Овој пат, неговото шишенце е црно со жолто лого, а од брендот велат дека „црната е нова розова“. JOOP! Homme Absolute мажот е роден заводник. „Никогаш себеси не се сфаќа премногу сериозно, знае дека хуморот и разиграноста го отвораат патот до среќата. Тој, исто така ја цени блискоста, сочувството и интимноста. Бидејќи верува во себе и се стреми кон своите страсти, може да го отфрли егото и да го сподели своето време, доверба и дружење со луѓето што ги сака“.

Моќна комбинација на витални мирисни ноти!

JOOP! Homme Absolute мирисната композиција е потпишана од парфимерот Antoine Maisondieu. Мирисот комбинира многу неочекувани цветни ноти со непогрешлива машка основа. JOOP! Homme Absolute се отвора со зачински ноти на црн бибер. Оваа енергична и привлечна увертира му отстапува место на цветот Ylang-Ylang, кој почесто се користи во женските парфеми. Од друга страна, базата е многу моќна комбинација на витални ноти: свеж и ароматичен ветивер, богата тонка и скапоцен темјан.

- Реклама -

Кампања – Francisco Lachowski

Лицето на кампањата е моделот Francisco Lachowski, заедно со својата сопруга Jessieann Gravel Lachowski.

JOOP! Homme Absolute ќе биде достапен во 40, 80 и 120 мл, како Eau de Parfum.