- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Мирисната колекција Salvatore Ferragamo Holiday Collection, која во продажба ќе се најде пред сезоната на зимски празници – 2018 година, ги вклучува лимитираните изданија на оригиналните мириси, женскиот парфем Amo Ferragamo од 2017 година и машкото издание на Uomo мирисот од 2016 година. Кодексот на “облекување” на мирисите за сезоната на зимски празници е црна со златни детали, така што мирисите ќе бидат “облечени” во тој стил.

Amo Ferragamo Limited Edition

Amo Ferragamo најавен е како весела и гламурозна цветно-ориентална мирисна композиција, наменет за помладата генерација на обожавателки на модниот бренд Salvatore Ferragamo. Мирисните ноти на кампари, црни рибизли и рузмарин го прегрнуваат срцето на мирисот во кое доминираат самбак јасмин, растението rhubarb (караница) и mate чај. Ванилата од Тахити и сандаловото дрво се во основата на мирисот.

Amo Ferragamo Limited Edition ќе биде достапен во 50 мл, како Eau de Parfum.

- Реклама -

Uomo Salvatore Ferragamo Limited Edition

Uomo Salvatore Ferragamo е најавен како модерен, дрвенесто-ориентален мирис, дизајниран да ја отелотвори елегантната мажественост. Свежото отворање на мирисот вклучува бергамот, кардамон и црн бибер. Цветот од портокал и амброкс се мешаат со кашмир и сандалово дрво.

Uomo Salvatore Ferragamo Limited Edition ќе биде достапен во 100 мл, како Eau de Toilette.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име