- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Naomi Campbell е број еден интернационална модна икона!

Не е случајност тоа што Naomi Campbell е наречена кралица на модната писта: таа е неверојатно убава, ултра-женствена, самоуверена и со интернационален успех. Таа е една од петте супер модели и сеуште е еден од најбараните модели во светот. Таа досега блесна на повеќе од 500 насловни страници на најпознатите светски списанија, покажувајќи ја својата елеганција, убавина и стил. Таа чекореше на најпознатите модни писти за најголемите светски луксузни брендови. Naomi Campbell е број еден интернационална модна икона!

Со нејзиниот мирис Naomi Campbell Bohemian Garden, сите самоуверени и свесни за модата жени, можат да станат дел од модниот свет на Naomi и да искусат еден од нејзините омилени трендови: Боемскиот стил. Инспириран од безгрижниот живот на францускиот боем, овој трендовски стил  е претставен со цветен принт и богати, разиграни комбинации. Овој екстравагантен повик е совршено претставен од Naomi Campbell Bohemian Garden – цветен, овошен мирис за безгрижен и оригинален дух. Женствен и романтичен, екстравагантен и самоуверен.

Bohemian Garden ве носи во градина полна со цветови!

Bohemian Garden ве носи во градина полна со цветови, живописни бои и безгрижна веселба. Мирисот во горните ноти се отвара со овошна свежина на пикантен лимон, сочна круша и нежен цвет од праска. Срцевината на мирисот ги следи веселите и разнобојни ноти: сончев цвет од јасмин, волшебен крин, светол цвет од портокал, прашкасто мек памучен цвет и елегантна роза за смирување на душата. Базата од мошус со нежен допир на зелен мов, смирувачка ванила и кремаста комбинација од сандела и кедарово дрво на мирисот му дава релаксирачки допир на перфекција.

Фасцинантен и прекрасен колку што е и самата Naomi!

Светлите и живописни бои на розовото, зеленото, виолетовото и жолтото сончево цвеќе, ги здружија силите со цветен дизајн – мирисот е спакуван во еден неврзан боемски стил кој им го привлекува вниманието на сите. Нежно розовиот мирис во препознатливото стаклено шишенце со неговото светло розово капаче е екстравагантен и романтичен. Подеднакво фасцинантен и прекрасен колку што е и самата Naomi.

- Реклама -