Hugo преку мирисното дуо Hugo Woman и Hugo Man го оживува ставот: Страствен, храбар и секогаш во прв план, живее со мотото “Пронaјди се себе си”!
Hugo Woman парфем за жени!
Иновативна и динамична, таа инспирира се околу себе. Ова е мирис за жени кои го живеат животот и грабаат се што нуди. Оригиналноста е се за нив. Hugo жената е предводник со уникатен карактер, со сопствен стил и го живее животот како што таа сака. Сите други се стремат да бидат како неа. Таа служи за пример. Нејзиниот парфем е трагата која што таа ја остава на светот. Таа вели дека парфемот ја задоволува нејзината љубопитност и фантазија. За најиндивидуалните ова значи само едно: Hugo миризлива иновација која овозможува секој да ја носи на свој начин.
Hugo Woman е голема мешавина на опојна женственост и машка интрига!
Парфемот Hugo Woman е овошен и цветен, нуди неконвенционален пресврт, комбинирајќи природни и иновативни молекули. Парфемот создава контраст на тонови и сензации, спојувајќи традиционално женствени и неочекувано машки ноти за редефинирање на конвенционалните женски парфеми, одразувајќи го минималистичкиот гламур на Hugo.
Чувството кога прв пат ќе го мириснете потсетува на авантура и ве мами кон нови предизвици!
Во горните ноти доминираат зрелите капини и пенливата италијанска мандарина со додаток на планинска свежина од Хималајската црвена трева. Чувството кога прв пат ќе го мириснете потсетува на авантура и ве мами кон нови предизвици. Срцето со јасмин, кадифе и црна слива збогатени со ирис и зачинет интензивен индиски црн чај кој го дава машкиот пресврт во парфемот. Основните ноти се откровение на дрвенести ноти и сандаловина збогатена со кедар, сите заедно затоплени со раскош на женствениот килибар. Крајот е возбудлив, исклучително богат, кремаст со современа елегантна сувост.
Hugo Man мирис за мажи!
Hugo Man е вистински класик на Hugo Boss, свеж и остар мирис, многу машки. Сместен во иконското шишенце, Hugo Man нуди едно примамливо патување кон посакуваната машка свежина. Hugo Man за прв пат се произведе во 1995 година и оттогаш овој мирис стана дел од секојдневието на милиони мажи низ светот.
Состојки кои создаваат еден навистина модерен спој!
Мирисот се отвора со иконската свежина на зелени јаболка, дополнета со мирис на борови иглички. Како што се развива мирисот така ја отвора ароматичната срцевина од лаванда, јасмин и пачули кои даваат модерен акцент на мирисот. Силната база е од ноти на сандалово и кедарово дрво.
Сите овие состојки создаваат еден навистина модерен спој. Моќта на Hugo Man е во неговата непогрешлива хемија која ги соединува сите состојки и дава резултат на експлозивна енергија и свежина. Ова е мирис за сите оние кои сакаат да го живеат животот во свои услови.
Hugo Woman и Hugo Man кампања!
Данскиот модел Freja Beha Erichsen со нејзината убавина и став е заштитно лице на мирисот за жени Hugo.
Таа изјави:
Можете да ја изразите својата индивидуалност преку парфемот бидејќи тој ќе мириса различно кај секого, а тоа ми се допаѓа. Hugo ме потсетува на пријател кој има мото “зграпчи го животот и прави ги работите на свој начин”
Рекламната кампања за Hugo ја создаде модерниот минималистички фотограф Karim Sadli .Во заедничката кампања на Hugo за жени и Hugo за мажи францускиот модел Adrien Sahores се појавува како споредна улога во друштво со Freja Beha Erichsen. Тие се интригантен пар, безгрижни ,смели, самоуверени, кои ниту го откриваат својот мирис, ниту пак кажуваат на другите како да живеат.
Телевизиската кампања е дело на Ryan Hope кој е познат по својата работа по тоа што ја поставува модата, а не ја следи. Freja и Adrien креираат свое сопствено расположение изразувајки се себе си, инспирирајќи ја Hugo приказната сама да си го најде патот одвојувајќи се од сите.
Твој парфем, твој начин!