Hugo Just Different, За мистичен маж со топло срце!
На прв поглед тој е мистичен, студен и недопирлив. Неговиот мистичен карактер нема да ви дозволи едноставно да му се приближите. Но откако подобро ќе го запознаете, под таа ледена обвивка чука топло срце кое кога еднаш ќе го освоите подготвено е да ви го стави светот на дланка.
Модерен мирис, збогатен со освежувачки тонови!
Hugo Just Different е еден од најпопуларните машки парфеми на брендот Hugo. Мирисот на Just Different е витален, модерен и збогатен со освежувачки тонови. Ледениот ментол ја отвора композицијата и се препушта на срцевината во која владеат фрезија и босилек. Во базата молекулата Cashmeran дава мошусно, дрвенести, зачински мирисни ноти.