- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Прашањето со кое се оптоварени сите мажи во овој период е што да им подарат на нивните најмили? Би им било многу полесно доколку добијат совет со кој би си ги скратиле маките во потрагата по совршен подарок.

За да ставите крај на оваа стресна активност, Ви давам неколку мали совети од женски агол за совршениот подарок. Запомнете ги за да излезете херој кога ќе го започнете ловот по совршен подарок.

Подарокот е нешто лично! Купете нешто што всушност им треба!

Знаете што, луѓето секогаш ви велат дека совршениот подарок треба да е нешто лично или да е рачна изработка како слика или керамика. Искрено, не слушајте го овој совет, не сте Леонардо Да Винчи. Затоа пред да потрошите време и труд за нешто што никогаш нема да го искористат, одете и купете нешто што всушност им треба. Сериозно…

Ранобудните добиваат повеќе! Трофејот го добива дечкото кој навреме ќе купи подарок!

Најдобро за празниците поминуваат мажите кои имаат купено подароци неколку дена порано. Се знае колку може да биде стресно купувањето на денот, па ајде да го победиме тој стрес оваа година. Одвојте време и отидете во најблискиот дуќан. Трофејот го добива дечкото кој навреме ќе купи подарок.

- Реклама -

Кој вели дека молчењето е злато? Прекрасните хостеси не само што изгледаат убаво, можат многу да ви помогнат!

Кога ќе влезете во преполните продавници многу е веројатно да почувствувате нервоза заради гужвите. Но нема место за паника! Разгледајте по продавниците и искористете ги сите ресурси. Прекрасните хостеси не само што изгледаат убаво туку и можат многу да ви помогнат за да одберете совршен подарок. Ќе ви дадат совет при изборот на подарок за вашата девојка. А оние момчиња кои се уште бараат девојка за да и подарат нешто, ова е совршен момент за да ја пронајдат.

Што повеќе, повесело! Сите жени се посебни и заслужуваат подарок кој ќе го исполни нивниот критериум!

Бидејќи шопингот е како научен проект, треба да се подготвите и се да разгледате темелно. Ќе наидете на различни типови на жени: оние кои изгледаат како да имаат се, оние кои ништо не навестуваат, оние кои велат дека подароците не им се важни, но се разочарани кога нема да добијат подарок и се разбира оние кои секогаш ги заменуваат подароците. Сите овие жени се посебни и заслужуваат подарок кој ќе го исполни нивниот критериум.

Завиткајте, спакувајте го убаво! Девојките обожаваат кога го соблекуваат подарокот!

Претходно зборувавме за  правилото за лично избран подарок, но бидејќи ова е важно ќе ве потсетам пак, бидејќи пакувањето подароци не е баш силна страна на момците. Тоа исто така покажува колку сте се погрижиле. Затоа наместо да одберете лошо спакуван подарок прочитајте го овој креативен совет: Земете списание и скинете две страници со холивудски заводници од истото. Искористете ги за да го завиткате подарокот. Земете вратоврска (ако вие немате проверете во плакарот на вашиот дедо) и употребете ја наместо машна врз подарокот. Девојките обожаваат кога го соблекуваат подарокот, па да ги оставиме да уживаат во тоа.